10 легендарни мисли од најпознатите менаџери

Ви споделуваме листа од 10 најпознати и инспирирачки мисли и совети од некои од најуспешните менаџери и иноватори.

1. „Кога иновирате, бидете подготвени сите да ви велат дека сте луди“ – Larry Ellison, Oracle

2. „Како претприемач, секогаш се обидувам да ги надминам границите. Да удирам во металот“ – Travis Kalanick, Uber

3. „Секогаш правев нешто за што не бев целосно подготвен да го направам. Мислам тоа е начинот на созреете. Сите големи напредувања се случуваа во такви моменти“ – Marissa Mayer, Yahoo!

4. „Не заборавај дека имаш само една шанса да оставиш прв впечаток – со инвеститорите, со клиентите, со медиумите“ – Natalie Massenet, Net-a-Porter

5. „Почнувањето компанија е повеќе уметност отколку наука“ – Brian Chesky, Airbnb

6. „Не е поентата да бидете CEO (извршен директор). Поентата е како да бидете добар колега и одличен дел од тимот“ – John Stumpf, Wells Fargo

7. „За да изградите успешна компанија, често пати мора да застанете наспроти конвенционалната логика“ – Carly Fiorina, Hewlett-Packard

8. „Целта на претприемаштвото не е само да создадете компанија која ќе ви носи многу пари. Целта е да се промените себеси, и да го промените светот, преку градење на успешна компанија“ – Mark Zuckerberg, Facebook

9. „Лекциите кои ги научив за време на тешките моменти на Алибаба, се дека секогаш мора да му дадете на вашиот тим шанса да ја искаже својата вредност, иновативност и визија. Потоа, се додека не се откажете сеуште имате шанса. И ако сте многу мали, треба да бидете многу фокусирани и да се наслоните на вашиот мозок, а не на силата“ – Jack Ma, Alibaba

10. „Патот до CEO (извршен директор) не треба да биде преку одделите за маркетинг или ПР, туку преку одделите за инжинерство и дизајн“ – Elon Musk, SpaceX