10 причини зошто ти е потребен редизајн на веб сајтот

Денес, првите впечатоци за твојот бизнис се базираат скоро секогаш после првата посета на твојот веб сајт.

Кога велам прв впечаток, мислам на визуелното. Редизајнот на визуелното и функционалното не е нешто што треба да го сфатиш како „Ах, има време ќе го средиме и тоа понатаму..“. Редизајнот исто не значи дека треба да се промени секој можен графички елемент на вебсајтот. Редизајн може да биде и модификација на некои од функционалните елементи која значително ќе му помогне на вебсајтот да работи подобро и побрзо да ги постигне посакуваните маркетинг цели.

Добро дизајнирана и респонзивна веб страна е нешто што МОРА да го имаш денес без разлика за кој тип на бизнис се работи. Ние не можеме да ти дадеме причини да не ја редизајнираш вебстраната ако се пронајдеш во една од овие 10 работи подолу:

1. Си ја правел сам

Со градење на веб страна сам на платформи како GoDaddy и Weebly без претходно искуство не само што никогаш нема целосно да ја поседуваш содржината со која си градел, туку и сајтот ќе ти изгледа како фејсбук страна или Google Plus профил.

Кога Facebook апдејтува алгоритам, правила и ѕид се се менува наеднаш. Истото ќе се случи и со твојот веб сајт кога го градиш на бесплатни или ефтини платформи. Уште полошо, често после апдејтување на овие платформи, голем број од изградените веб страни знаат и да исчезнат. И тоа не на еден час или ден, туку не може да се вратат со месеци. Тоа значи дека ќе те нема на Google некое време. А бизнис што го нема на Google исто како да не постои денес. Веќе кога зборуваме за Google..

2. Сајтот не се појавува на Google

„Изгради сам“ веб страните имаат основно (исто како да го немаат) SEO. Google и другите пребарувачи редовно ги обновуваат правилата според кои се генерираат резултатите од пребарувањата. Ако рангирањето на вебсајтот ти е ниско тогаш ти е потребна нова SEO стратегија. Со редизајн и градење на вистински вебсајт  но и со употреба на најдобрите Google практики твојот вебсајт ќе биде подобро рангиран и ќе генерираш повеќе интернет сообраќај.

3. Не ја обновуваш содржината

Ако ти е тешко да ја обновуваш содржината, или воопшто не ја обновуваш (со нова содржина), Google ќе гледа на твојот вебсајт како на „статичен“ и тоа ќе се одрази како негативно во алгоритамот за ранг. Едноставно кажано, Google сака активни веб страни.

Плус, редовно обновувана содржина ќе ги натера клиентите да го посетуваат вебсајтот постојано. Редовно обновување на содржината ќе ти го подобри рангирањето на Google и ќе покаже не само дека бизнисот ти е активен, туку и ќе стекнеш додаден авторитет кај клиентите.

4. Сајтот ти е бавен

Ако е потребно премногу време за да се лоадира еден веб сајт, или посетителот има слаб интернет или сајтот ти е за никаде. А за 2 секунди чекање посетителот губи интерес за вакви сајтови.

Може да има повеќе причини зошто еден вебсајт е бавен, но најчеста е потребата за апдејтови и промена на некои од застарените елементи кои значително го успоруваат (Adobe Flash). Многу од тие елементи го нарушуваат корисничкото искуство на мобилен а од десктоп корисниците пак се бара постојано да апдејтуваат и да инсталираат плагини за да погледнат содржина.

Laptop TT

5. Комплицирана навигација

Корисничкото искуство е клучно. Ако клиентот не може да го најде она што пробал да го најде на твојот сајт, ќе продолжи да бара кај конкуренцијата.

Навигацијата треба да е јасна и интуитивна. Треба да го натера корисникот да го истражи целиот вебсајт. Со јасна и интуитивна навигација корисникот лесно станува клиент. Ако веќе подолго време не добиваш мејлови од контакт формата, време е за редизајн на вебсајтот.

6. Изгледа старо

Има многу знаци кои укажуваат на застарен вебсајт. На пример нешто светка или „трепка“, употреба на класични табели, ни трага од CSS, не-транспарентни логоа и други визуелни знаци кои прават некој да се запраша „Абе овие работат уште!?“.

Дизајнот на веб страната е повеќе од важен. Поверојатно е дека корисник ќе реши да купи од добро дизајниран вебсајт отколку од застарен модел. Довербата и авторитетот кои доаѓаат во пакет заедно со добар дизајн ќе го подобрат кредибилитетот на твојот бизнис и успешно ќе го водат клиентот низ купопродажниот процес.

7. Јас, јас, јас

Назад во праисториското доба на интернетот, веб сајтовите беа само за бизнисот и што прави тој бизнис. Денес, се е во знакот на решавање проблеми. Веб сајтот денес треба да биде дизајниран, пишуван, оптимизиран и фокусиран кон клиентите. Треба да биде фокусиран на пазарот кој сака да го реши проблемот. Треба да кажува како да се реши еден проблем. На кратко, не се врти се околу тебе. Има и страница за тоа, се вика About.

web design trends

8. Нема интерес

Ако не генерираш интерес за твојот бизнис преку веб страната, дефинивно е време за нов или подобрен веб сајт. Клиентот треба лесно да допре до тебе преку веб сајтот, а веб сајтот пак треба да ја собира потребната информација од заинтересираните корисници и многу повеќе.

Исто, ако веб страната не ти е директно поврзана со социјалните мрежи тогаш воошто не очекувај некој да ја посети. Социјалните мрежи се главна алатка за генерирање интерес денес.

9. Не ти се допаѓа

Некогаш го имаш она чувство за веб сајтот, дека нешто не е во ред. И размисли, ако самиот не си задоволен од изгледот и функционалноста на твојот веб сајт, може да се обложиме дека корисниците уште повеќе се ужаснуваат кога ќе го посетат.

Разбери дека успешните компании го редизајнираат веб сајтот секоја година, а некои и секоја недела (се нарекува Маркетинг преку Содржина). Важно е да останеш во тек со новите технологии и онлајн методи за генерирање онлајн сообраќај.

10. Не функционира на мобилен

Изминатата година, скоро 40% од Google пребарувањата беа на мобилен. Сега се 60%. Смартфоните го направија интернетот многу подостапен и пребарувањето на Google многу удобно. Во мај 2015 Google најави дека предност во рангирањето ќе им дава на веб страните кои се респонзивни на мобилни уреди и веднаш после тоа почнаа да ги казнуваат со пониско рангирање оние кои немаат флексибилен дизајн.

Ако твојот веб сајт автоматски не се реформатира во пропорционална големина по потреба на екранот, и ги присилува корисниците да зумираат ќе изгубиш потенцијални клиенти.

Идентификување на барем една од овие 10 причини значи дека треба да почнеш да размислуваш за промена и освежување на твојот веб сајт, дури ако е потребно и градење на комплетно нов, модерен и функционален вебсајт. Веб сајтот постои за да го продава твојот производ/услуга. Ако подолго време не ја извршува таа функција, време е да се види зошто е тоа така, и да се направат потребните промени.

Поврзи се со мене на Линкедин: https://mk.linkedin.com/in/martintolovski

Следи ме и на Твитер: @TolovskiMartin