Многу компании денеска се обидуваат да се пробијат на пазарот и да го најдат своето место под сонцето. Социјалните мрежи, особено фејсбук, има дадоа евтина можност да се рекламираат на бројна публика.
За само неколку долари, можете да таргетирате неколку илјадна публика. Исто така многу од компаниите научија дека најважната содржина која го привлекува вниманието на публиката, не е текстот, туку фотографијата и графичкиот дизајн, или уште подобро комбинацијата од двете.
До тука е се во ред. Сепак клучната грешка која ја прават фирмите и организациите кои се рекламираат, доаѓа во следната етапа. А тоа е бирањето на фотографиите и изработката на дизајните. Како прво, преку 80% од нив, користат фотографии кои претходно ги симнале од Google, и кои секако ги копирале од друг сајт или страна.
Оние малку поискусните ќе ја копираат фотографијата и ќе додадат некој текст на неа и работата е готова. Пуштајте реклама на фејсбук .
Како и да е, тоа е целосно погрешен и пристап кој не носи резултати. Зошто? постојат 5 главни причини за тоа, кои се исто така 5 причини зошто морате да имате уникатни фотографии и дизајни за вашата реклама.
1. Копираните фотографии и евтини дизајни оставаат впечаток дека продавате нешто неквалитетно
Кога потенцијалните купувачи гледаат фотографија која ја виделе на уште 10 други места, со лоша обработка и дизајн, и лош фонт на текст, добиваат слика дека и продуктот и услугата која се рекламира е исто така копија и неквалитетна. Фотографијата и дизајнот е првото нешто со кое се среќава вашиот муштерија пред да го купи вашиот производ или услуга. Затоа направете нешто квалитетно, или најмете дизајнери кои ќе го изработат тоа за вас и фотограф кој ќе направи уникатни и професионални фотографии.
2. Реткоста е она што нештата ги прави вредни
Дали знаете зошто дијамантите и златото се скапи. Па едноставно, бидејќи се ретки. Реткоста на нештата ја одредува нивната цена. Така, доколку имате копирани фотографии од Google и дизајни кои секој може да ги направи во Paint, и со лош фонт, тогаш вие само си правите анти-реклама бидејќи со тоа самите си ја снижувате цената.
3. Пребарувачите слабо го рангираат вашиот пост или веб страна, ако имате копирани содржини
Google особено слабо ги рангира веб страните и постовите кои користат копирани содржини (текстови, дизајни, фотографии, видеа итн.). Алгоритамот кој го користи Google, како еден од параметрите кои го користи за рангирање на страните е тоа дали веб страната користи уникатни фотографии, дизајни и текстови или користи копирани (кои веќе постојат во базата).
4. Може да имате законски и правни проблеми
Кога копирате фотографии без дозвола, не знаете дали се заштитени и дали подоцна не добиете тужба за кражба на авторски права. Законот и кај нас во Македонија не дозволува користење на туѓи авторски дела. Затоа најсигурна варијанта е да платите фотограф и дизајнер, отколку подоцна да се случи да се расправате со тужби и да се изнадавате пари по адвокати и судови.
5. Уникатните фотографии и дизајни се погледани од оние копираните
За ова сме правеле и тестирање, кога сме постирале неколку одлични фотографии, но копирани од Google и со наши, но просечно добри фотографии, и секогаш оние нашите, макар и не биле толку добри како оние од Google, имале повеќе гледаност и интерес.
Публиката сака нешто ново, кул, уникатно. Копиите може да ви бидат само анти-реклама. Затоа секогаш е добро да инвестирате во добри фотографии и дизајни, кои еден ден сигурно ќе се исплатат.