Понекогаш се потребни совети од успешни претприемачи, кои поминале низ многу препреки и научиле многу драгоцени лекции. Вилијам Вандерблумен споделува 5 вистини за бизнисот и претприемаштвото.
1. Виртуелното е преценето
Нема ништо поефикасно од тим од луѓе кои работат заедно и тимски. Според Вилијам, нивната компанија на почетокот започнала така да секој работи од дома според негов распоред на времето, а целта била да се завршат зададените задачи. Но, откако се преместиле во заеднички простории со полно работно време, ефикасноста пораснала.
Според него, тоа е резултат на фокусираноста. Кога работите од дома има многу работи што ви го одвлекуваат вниманието и фокусот. Но, исто така, во канцеларија ги имате и сите потребни помагала и работи за непречено функционирање.
Виртуелното не е најефикасно ни преку виртуелен разговор. Во едно истражување, задоволството на клиентот опаднало од 98% на 65%, кога интервјуата/разговорите не биле во живо.
2. Што функционирало за една работа, не значи дека ќе функционира и за друга
Ситуацијата и околностите влијаат врз потребата да се менува и стратегијата за различни ситуации.
3. Организациската култура во компанијата е суштински важна
Дали имате воспоставено организациска култура, принципи, начини на делување, однесување? Што е дозволено, а што не? Дали има граници во однесувањето? Културата не значи и само поставување граници, таа значи и верба во заедничка цел, заеднички начин на мотивирање, па дури и заедничко пиење кафе во слободното време.
4. Растечките бизниси се алергични на непотребни трошоци
Секој трошок на почетокот на вашиот бизнис треба да биде грижливо одреден и конкретно наменет за одредена цел. Немојте да се расфрлате дури ни по првата голема заработка. Инвестирајте паметно и за конкретни намени.
5. Бавниот, но сигурен раст, е подобар од брзиот, но несигурен раст
Според многу истражувања, компаниите кои имаат сигурен и стабилен раст се многу поуспешни од оние кои покажуваат значителни флуктуации во приходите.
Дури и да имаат брз раст, подоцна се случува нагло опаѓање на профитот. Тоа ја прави компанијата ранлива и несигурна. Создадете стабилна основа на клиенти и приходи, и секако стремете се кон повисок раст, но не без да ја изградите основата и стабилноста.
Ова последното е клучна грешка на многу млади претприемачи. Сите сонуваат за нагло богатење и создавање милионска компанија. Дури и на почетокот да имаат успех, често пропаѓаат после 3-4 години, бидејќи не успеале да создадат стабилна основа т.е. постојани клиенти и приходи.