Факт е дека интернетот го изедначи полето на игра и им ја олесни работата на малите бизниси. Денес, дури и со ограничени ресурси и буџет, малите бизниси можат да се натпреваруваат онлајн со големите корпорации. Но, единствениот начин со кој можат да бидат компетитивни е изработката на одлична веб страница за мал бизнис која конвертира.
Токму тоа е она што им дава компетитивна предност на малите бизниси во дигиталниот свет. Од друга страна, застарен веб сајт повеќе не врши работа. Доколку како сопственик на бизнис поседуваш веб страница која е изградена пред 7-8 години, тогаш време е за апдејт. Независно за каков бизнис станува збор, осигурај се дека твојот нов веб сајт ќе ги има следниве 6 елементи кои ќе донесат резултати.
1. Содржина која е фокусирана кон клиентот
Погледни ја убаво содржината на твојот веб сајт. Прочитај ја внимателно. Дали се се врти околу твојот бренд, производи и услуги? Дали се на твојата веб страница ечи „ЈАС, ЈАС, ЈАС!“?
Ако е така, тогаш е време да се преработи содржината односно, да се креира потполно нова содржина. Да, баш е убаво кога публиката ќе го види твоето портфолио, твоите признанија и она што го правиш најдобро. Впрочем, секој бизнис треба да биде горд на своите постигнувања. Но, на крајот од денот, се што го интересира посетителот е како можеш да му помогнеш.
Мораш да ја фокусираш содржината кон бенефитите кои твоите клиенти ќе ги имаат доколку се решат на соработка со тебе. Нека не зуи се околу тебе – зборувај повеќе за публиката и нејзините желби, потреби, предизвици и проблеми. Едноставно кажано, помалку за карактеристиките на производот, а повеќе за бенефитот од користење на производот.
2. Контакт информации кои се лесни за наоѓање
Дури и ако работиш од дома и не сакаш да ја објавиш својата лична адреса сепак, треба да оставиш некаков вид на контакт информација нели? Без контакт информација, голема е веројатноста дека посетителите нема да веруваат во твојот бренд. Затоа треба да додадеш контакт информации во твоето главно мени и на футерот од страницата за да се осигураш дека посетителите лесно ќе ја пронајдат.
Една предност што малите бизниси ја имаат во однос на големите корпорации е способноста и времето за персонализирана услуга и поддршка која ја нудат на клиентите. Таа предност нема да постои доколку не постои и контакт информација на твојата веб страница.
3. Што велат клиентите за тебе
Сведоштвата на твоите клиенти за добро завршена работа се од витално значење кога станува збор за веб страница на мал бизнис. Исто како и со немањето контакт информации, немањето на сведоштва за твојата работа ќе ги натера потенцијалните клиенти да се двоумат за твојот бренд. Затоа што кај купувачите, сеуште постои тој страв дали да го одберат новиот помал бренд наспроти големата корпорација со докажани резултати.
Сведоштвата нудат доказ дека купувачот може да ти верува. Им помагаат на посетителите да ги надминат двоумењето и неодлучноста. Ова е тоа што ќе ги натера да веруваат во твојот бизнис.
4. Повик за акција
Изреката „Ако не побараш, нема ни да добиеш“ има особено голема важност во заситената онлајн сфера. Премногу од малите бизниси забораваат да го вметнат повикот за акција на своите веб страници. А тоа всушност е и една од причините зошто тие веб страници не конвертираат посетители во клиенти.
Повикот за акција јасно и концизно им дава до знаење на твоите потенцијални клиенти за следниот чекор кој треба да го превземат. На пример, да го погледнат пакетот, да превземат гратис содржина или да се јават за консултација. Ќе се изненадиш колку ефективен може да биде јасниот повик за акција кој им кажува на посетителите што е следно.
5. Блог
Свесноста и ширењето на гласот за еден бренд е секогаш битка за малите бизниси. Затоа, вклучувањето на блог содржини во твојата веб страница е клучно. Со креирањето на блог, постојано ќе индексираш нови страници во рамките на веб сајтот. А пак уште поголем бенефит е и можноста да таргетираш определени клучни зборови за твојот бизнис.
Ова значително ќе ја подобри твојата кампања за Оптимизацијата на пребарувачите (SEO), и твојата веб страница ќе биде рангирана многу повисоко отколку што била рангирана претходно. А за возврат, ова ќе ти донесе повеќе сообраќај на веб страницата со што ќе собереш повеќе потенцијални клиенти и ќе привлечеш нови.
6. Респонзивен дизајн на секоја веб страница
Денес, со самиот факт што поголемиот дел од интернет сообраќајот доаѓа од мобилни уреди како смартфоните и таблетите, апсолутно е од суштинско значење да имаш веб страница за мал бизнис која е респонзивна и флексибилна за користење на мобилни уреди.
Респонзивниот дизајн ќе те осигура дека твојата веб страница ќе се појавува во резултатите од пребарување на мобилен и дека ќе изгледа убаво на смартфон.
Без разлика на големината на бизнисот и бројот на вработени, доколkу те нема на интернет со професионален веб сајт, голема е веројатноста бизнисот ќе ти стои во место. Самата цел на веб страницата, како бизнис и маркетинг алатка е да донесе повеќе клиенти и да ги задржи постоечките, како и да ја зголеми продажбата, а со тоа и да придонесе кон растот на бизнисот.
Прашањето е, дали си подготвен да го однесеш твојот бизнис кон следното ниво?
[ssp id=”542709494″ embed=”true” visible=”true” width=”100%”]Твитер: https://twitter.com/TolovskiMartin
Фејсбук: https://www.facebook.com/tolovski.martin
Линкедин: https://www.linkedin.com/in/martintolovski/