6 причини зошто е потребно видео за Вашиот бизнис денес

Веќе имате квалитетен производ и нудите врвна услуга, но дали тоа е доволно денес, во овој дигитализиран свет, каде што секојдневно сме бомбардирани со мултимедијални содржини, за да се дознае повеќе за некој производ/услуга? Како е можно некои брендови да генерираат поголем интернет сообраќај, а да го продаваат речиси истиот производ? Одговорот е јасен, со најпопуларната содржина денес, видеото.

Значаен критериум на Google за рангирање на веб страни е времето кое посетителите го поминуваат на веб страната, што е една од причините зошто видеото како маркетинг содржина доживува експлозивен раст. Видеата во кои се објаснува како функционира еден бизнис, се покажаа како одлична маркетинг алатка за раст на истиот. Зголемувањето на продажбата, и подоброто објаснување на бенефитите од вашиот продукт, се само дел од причините зошто во дизајнот на веб сајтот за Вашиот бизнис треба да има вклучено и видеа. Набројуваме 6 клучни причини зошто е потребно видео за Вашиот бизнис денес:

1. Подобро објаснување на целта на Вашиот бизнис

Текстуалната содржина може да биде незгодна, да се разбереме, бидејќи постојат различни луѓе кои различно го интерпретираат она што го читаат. За разлика од текстот, видеото врши одлична работа во објаснувањето како функционира еден производ, или услуга. Луѓето подобро можат да го разберат производот кога ќе го видат на видео, и кога ќе им се објасни како функционира. Видеото ќе ви помогне да се поврзете подобро со вашите потенцијални клиенти и ќе им даде објаснување што можете да сторите за нив, и зошто тие треба да ве изберат токму вас за соработка.

2. Генерирање на интерес

Се повеќе и повеќе бизниси ги користат социјалните мрежи како Facebook и Twitter за да се дознае повеќе за нив. На социјалните мрежи, тие го прават тоа со помош на визуелна содржина, како слики и видеа, со кои генерираат поголем интерес за нивниот производ и услуга.

3. Подобро рангирање на Google Search

Статистички гледано, обичните веб сајтови, со само текстуална содржина, не поминуваат добро на Google. Всушност, тие се толку ниско рангирани на Google, што и тешко можат да бидат пронајдени од потенцијални клиенти. Ова ги плаши потенцијалните клиенти кои сакаат брзо да го разберат производот и да го купат веднаш онлајн. Ако знаеме дека на просечен човек му е потребно помалку од минута да одлучи дали да купи некој производ, или дали да користи услуга, тогаш едно видео сигурно ќе му помогне во таа одлука. А од друга страна, бизнис сајтовите со видео содржини поминуваат многу подобро на Google.

4. Помагање на публиката да ја задржи информацијата

Просечниот човек може да запомни само 10% од она што ќе го слушне, но 50% од она што ќе го види. Што значи ова за Вашиот бизнис? Значи зголемување на гласот и „зуењето“ за вашиот бизнис. Она што луѓето ќе го видат преку мултимедијална содржина и што им е интересно, тие го раскажуваат и на други луѓе за тие да го видат. Ако им се допаѓате на клиентите, тие ќе го споделат вашето видео.

5. Лесно може да се споделува

Видеото за вашиот бизнис не мора да биде само на вашиот веб-сајт. Најпопуларните видео канали како YouTube и Vimeo се места каде што можете исто така да ги прикачувате вашите видеа. Видеата се полесни за споделување, за разлика од текстовите. Поверојатно е дека луѓето ќе гледаат видео и ќе го споделат, отколку да прочитаат огромни параграфи на некој веб сајт.

Во овој аспект брзината на видеата е клучна и затоа ви препорачуваме да користите peer to peer streaming software или video cdn. CDN или Content Delivery Network е група на географски дистрибуирани сервери кои ја забрзуваат испораката на веб-содржините со тоа што ќе ја доближат до местото каде што се корисниците. CDN овозможува брз трансфер на средства потребни за вчитување на интернет содржините, вклучувајќи HTML страници, датотеки со Javascript, stylesheets, слики и видеа.

6. Пренесување на Вашиот бренд и порака

Најважната работа која еден клиент го прави редовен клиент е вашиот бренд. Важно е клиентот да го препознава лицето на брендот. Ова особено важи за бизнисите кои што се на интернет со свои веб страни каде што клиентите речиси и да немаат лична интеракција директно со одговорното лице во компанијата. Со помош на видео содржината, ќе успеете да креирате виртуелна конекција со клиентите.

Да сумираме… Денес има толку многу бенефити од креирање на видео содржини за вашиот бизнис и присуството на истите онлајн. Луѓето низ целиот свет креираат видеа од секакви причини, докажувајќи дека видеата се најпопуларната содржина денес, за пренесување некаква порака.

Па, која е Вашата порака и дали сте спремни да употребите видео содржина за да ја пренесете истата кон потенцијалните клиенти? Разгледајте го нашето портфолио со досега изработени видеа и погледнете ги нашите пакети за видео маркетинг.

You May Also Like

Previous Post
Неколку лекции за маркетинг од најдобриот продавач во Њујорк
Next Post
Кој претседателски кандидат во САД има најдобар веб сајт?