дигиталниот маркетинг

7 Основи на Дигиталниот Маркетинг за 2018

Солидната стратегија за дигитален маркетинг се претвори во нешто што секој бизнис мора да го развива ако сака неговата порака да допре до таргетираниот потрошувач. Успехот кај дигиталниот маркетинг зависи од вистинскиот тип на стратегија, а вистинскиот тип на стратегија е оној кој потенцијалните клиенти ги води кон купопродажба. Вистинската стратегија постојано носи нови клиенти, а со тоа и долгорочен раст на бизнисот.

За да може еден бизнис успешно да држи чекор со технолошко-комуникациските промени, обврска е да се следат трендовите и да не се заостанува употребувајќи застарени техники на дигитален маркетинг. Пораката која се испраќа до таргет публиката треба да се пробие низ сета “врева“ креирана од безбројните постови онлајн. За да го сторите ова успешно, потребно е следново:

 

1.Приоритизација на потребите на таргет публиката

Фокусот на градењето онлајн присуство лесно води до заборавање на потребите на таргет клиентот. Во овие моменти, најчестата грешка е брзањето со пуштање на онлајн реклами и присилното пумпање на сообраќај кон веб страниците.

Малите подобрувања кои треба да се направат на вашата веб страница за да се зголеми конверзијата и e-mail претплатниците можат да направат голема разлика и да се исплатат долгорочно. Но, за да се постигне тоа, потребно е трпение.

Напрвин, мора да се дознае секоја можна информација за таргет публиката. Нејзините потреби, секојдневни и куповни навики, што сака и што мрази. Кога убаво ќе се проучи таргет клиентот, тогаш е многу полесно да се креира маркетинг содржина која ќе го натера истиот да направи интеракција со вашиот бренд.

Со трпеливо изградена маркетинг кампања успешно ќе ги задржите постоечките клиенти, а новите посетители поефикасно ќе ги конвертирате во нови клиенти.

 

2.Редовна ревизија и ажурирање на SEO оптимизацијата

Секој мисли дека неговиот производ или услуга се најдобри, но дали истите доспеваат до вистинската публика онлајн? Дали вистинските луѓе ги гледаат маркетинг содржините кои се создадени токму за нив?

Оптимизацијата за пребарувачи (SEO) како Google, Bing и Yahoo може значително да му помогне на еден бренд во опсегот на таргет клиенти. Кога имаат потреба од производ или услуга, самите клиенти најпрвин го гуглаат она што им треба.

Ако содржината на вашата веб страница не е правилно оптимизирана за пребарувачот, погодете кого ќе кликнат потрошувачите – вашата конкуренција. Затоа што претходно конкуренцијата успеала да креира содржина со чија помош стигнала до рангирање на првата страница од Гугл резултатите.

Ние препорачуваме ажурирање на вашата SEO оптимизација квартално, од проста причина што Google многу често го обновува својот алгоритам во текот на една година. Денес можеби сте рангирани на првата или втората страница, но тоа не значи дека тоа место е вечно резервирано за вас.

Пронајдете ги клучните зборови што ќе донесат сообраќај до вашата веб страница за да го направите вашиот бренд лесно достапен кога истите тие зборови ќе бидат внесени во пребарувачот од страна на таргет клиентите.

 

3.Редовно пишување блог постови за генерирање на потенцијални клиенти

Кога веќе зборуваме за SEO, постирањето на релевантна и вредна содржина носи сообраќај кон веб страниците и кон социјалните мрежи, а истовремено го зголемува и рангирањето на веб страницата во пребарувачите. Всушност, со редовното пишување и објавување на релевантна веб содржина неколкукратно си ги зголемувате шансите за добивање на нови клиенти кои ќе се едуцираат за бенефитите од вашиот производ.

Веќе и порано кажавме на нашиот блог дека секоја нова статија е индексирање на нова страница за вашиот бизнис во пребарувачите. Исто така, ова им кажува на пребарувачите дека вашата веб страница е активна, што многу помага во самото испливување на вашата содржина повисоко во резултатите од пребарувањата.

Блогирањето му дава глас на бизнисот, на брендот, а повеќето од клиентите сакаат да соработуваат со автентичен брендови, наместо генерички “купи веднаш“ бизниси.

 

4.Видео содржината како сегашност и иднина на дигиталниот маркетинг

Иднината веќе пристигна. Секоја година се случува се поголема револуција со видео содржините во дигиталниот маркетинг. Постојано расте бројот на бизниси кои го бараат видеото како број еден содржина, било тоа да се ТВ или онлајн реклами, кратки тизери, видеа со кои се објаснува производ или корпоративни видеа.

Тоа е ултимативното оружје со кое можете да ги таргетирате вашите клиенти на сите социјални мрежи. Не секој има време за читање содржина, но скоро секој има време да погледне видео од една до две минути. Самото видео како содржина има моќ да води до директна продажба. Корисниците кои гледаат ефективни и возбудливи видеа што го објаснуваат вашиот производ или услуга полесно ќе бидат убедени во квалитетот на истите.

 

5.Проширете ја и рафинирајте ја вашата email маркетинг кампања

E-mail маркетингот е сеуште еден од најдобрите начини да се стигне до таргет клиентот. Да, можеби не сме во 90-тите години и можеби денес вашата e-mail кампања нема да има стапка на отворање од 90 проценти. Но, вистинските луѓе кои ја ценат вашата содржина и вашата кампања ќе ја отворат вашата порака и ќе видат за што се работи.

Со напредокот на мобилната технологија, порасна и стапката на отворање и пишување на e-mail преку смартфони. Email пораката знае да функционира и многу подобро од другите форми на мобилна комуникација. Вашиот таргет клиент може да ја отвори вашата порака кога сака, во свое време, убаво да ја дигестира и да одлучи дали сака да превземе одредена акција.

 

6.Немојте да правите краткорочни обиди со маркетингот на социјалните мрежи

Ако планирате да пробувате маркетинг на социјалните мрежи само за да видите дали тоа функционира, немојте воопшто да се обидувате. Краткорочните напори и неконзистентноста ќе резултираат со неуспех.

Социјалните мрежи се претворија во еден од најдобрите и најбараните алати за дигитален маркетинг. Со истражувањето за вашиот таргет клиент, ќе дознаете кои социјални мрежи тој ги користи, и кога е најдоброто време да постирате содржина на тие социјални мрежи.

Трудете се да креирате содржина која ќе го натера клиентот да направи интеракција со вашата објава, било тоа да е клик, лајк или коментар. Денес скоро секој човек со куповна моќ поседува и профил на некоја социјална мрежа, и затоа бизнисите мораат да бидат сеприсутни и активни и на ова поле.

 

7.Оптимизирајте ја вашата содржина за мобилни екрани

Иако десктоп верзијата на вашата маркетинг содржина изгледа одлично, сепак проверете дали е тоа случај и за смартфоните и таблетите. Потрошувачите очекуваат кохезија низ сите платформи, и со подобра достапност на вашата маркетинг содржина на мобилни уреди имате повеќе шанси тие да купат од вас.

Уште еднаш, да не заборавиме дека потенцијалните клиенти поголемиот дел од своето време го минуваат со смартфоните и истражуваат секаков вид на содржина. Смартфоните денес доминираат и затоа вашата содржина треба да е спремна за корисниците да имаат интеракција со неа без разлика каде се наоѓаат.

 

Твитер: https://twitter.com/TolovskiMartin

Фејсбук: https://www.facebook.com/tolovski.martin

Линкедин: https://www.linkedin.com/in/martintolovski/