AI автоматизација на бизнис процеси со n8n и Tivius AI Agency

Ерата на новите AI агенти и автоматизации

Во време кога дигиталната сфера е преплавена од AI содржина и постои хиперпродукција на текстови, слики и видеа, кои скоро и да немаат некаква содржајна вредност за корисниците, предизвик е да се напише блог пост, кој ќе се разликува од сета таа врева. Размислувајќи на темава, во глава ми доаѓа една сцена од еден од моите омилени серијали “Star Trek”, каде екипажот на вселенскиот брод Ентерпрајз е нападнат од супериорни вонземјани, кои може да се претворат во било кој член на екипажот. Ниту еден скенер не може да препознае дали е вистинското лице или вонземјанин преправен во тоа лице.

Во една сцена се среќаваат капетанот Пикард и првиот офицер Рајкер. За да откријат дали се вистинските тие, еден на друг си раскажуваат случка од нивните млади години, кои само тие ја знаат. Така ова креативно решение, на крај се покажа како одлучувачко во справувањето со вонземјаните.

Новото поглавје на Тивиус: Комплетни дигитални решенија за модерната ера

Во овој контекст, пред неколку месеци, разговарајќи со неколку клиенти на кои им правевме веб страни, ги прашав кои реални проблеми ги имаат, што може да се автоматизираат. Веќе неколку месеци пред тоа, разгледував, истражував и учев за можностите на AI агентите и автоматизациите. По разговорите, сфатив дека има широки области во работењето на фирмите, кои реално може да се оптимизираат и автоматизираат. И тоа, не за да заменат вработени, туку да оптимизираат процеси, кои ќе им овозможат на вработените да се фокусираат на попродуктивни задачи, а фирмите да станат многу поефикасни и попрофитабилни.

Така, после тие разговори, се фокусиравме на учење, истражување и градење системи врз база на вештачка интелегенција, кои ќе успеат да ги решат набројаните проблеми на фирмите, во однос на мануелните процеси, кои може да се автоматизираат. После неколку месеци, успеавме да создадеме структура, знаење и функционални модели, кои ги решаваа тие проблеми. Тука се роди идејата дека ова може да биде, не само нова услуга на Тивиус, туку и целосно нова агенција, која ја нарековме Tivius AI Agency.

tivius ai agenti i avtomatizacii

Техничката архитектура на ефикасноста

Но, да се вратиме на проблемите и како дојдовме до решенија. Клиентите со кои разговаравме имаа слушнато за можностите на вештачката интелегенција, поточно за популарните LLM алатки како ChatGPT, Gemini, Claude итн. Многу од нив и ги користеа во работењето. Повеќе од клиентите имаа слушнато и за AI агенти. Но, реално ниту еден од нив немаше техничка експертиза, па ни време да истренира, изгради и интегрира AI агент во нивното работење. Ние тука ја видовме можноста.

Веќе неколку месеци претходно го проучував n8n, кој ми беше поставен на vps (virtual private server). Поттикнат од идеите, изградив структура на неколку, на почетокот автоматизации, а подоцна и агенти. Потоа преку API, поврзав алатки како GDrive, Gmail, Google Sheets итн. Во структурата за тренирањето користев векторска датабаза, а како активатор (trigger), користев webhooks. Направив неколку тестирања и ги презентирав резултатите на клиентите. Реалниот исход беше повеќе од одличен. Самите агенти и автоматизации, за секунда вршеа задачи, за кои претходно мануелно, на клиентите, им одземале часови.

Мостот помеѓу технологијата и бизнисот: Зошто се клучни новите AI агенции?

И токму ова е нешто што ќе зема сè поголем замав низ целиот свет. Подем на агенции, кои се како посредник помеѓу новите технологии поврзани со вештачката интелегенција и компаниите. И тоа пред се, коммпаниите кои имаат предизвик да ги интегрираат самостојно овие технологии во нивните процеси.

Според официјалните податоци на Еуростат, само 20% од претпријатијата во ЕУ во 2025 година користеле барем една AI технологија. Во Македонија, оваа бројка е фрапантно помала — само околу 8,5% од деловните субјекти користат вештачка интелигенција во нивното работење.

Според нашите проценки, следните неколку години, побарувањата за овие услуги ќе имаат експлозивен раст. И тоа не само за компании, туку и за сите видови на организации и институции.

Управување со ризиците: Како да автоматизирате без да ја изгубите контролата

Сепак, сето ова има и една друга димензија која никако не смее да биде занемарена. Во едно неодамнешно истражување, насловено “Агенти на хаосот”, научници и истражувачи од повеќе реномирани универзитети (меѓу кои Харвард, Стенфорд, MIT и други), тестираа автономни AI агенти. Во повеќе сценарија, агентите ги надминувале рамките кои им биле поставени. Дополнително, вршеле недозволени дејствија како хакирање, издавање на лични податоци, недозволено превземање итн.

Ова е дополнителна причина зошто се потребни еден вид посредници и контролори, кои ќе постават ограничувачки рамки и ќе вршат надзор врз овие AI агенти. Колку и да е огромен бенефитот од AI агентите, толку поголем е и ризикот од нивно неправилно и неограничено поставување.

Заклучок: Нашата мисија кон зголемена продуктивност

Затоа решивме да ја лансираме Тивиус AI (под-агенција на Тивиус), чија цел е да им овозможиме на компаниите, организациите и институциите интеграција на AI агенти и автоматизации во нивното работење. И тоа, на еден безбеден и контролиран начин. Така, тие значително ќе ги оптимизираат процесите, но и целокупно општеството ќе ја зголеми продуктивноста неколкукратно.

Автор: Благој Ѓелевски

You May Also Like

Previous Post
Дали се потребни ограничувања и регулативи поврзани со развојот на вештачката интелегенција?
Next Post
Иднината на пребарувањето: зошто традиционалното SEO веќе не е доволно (и како AI SEO ja менува играта)