Главните причини поради кои едно лого се памети

Сите ги забележуваме различните варијации на формите на едно лого, од социјалните мрежи до пакувањето на производот, па и на ќесите со кои ја напуштаме продавницата.

Но, се прашувам зошто ги забележуваме само одредени логоа а зошто некои ги игнорираме? Зошто кога ќе забележиме како некој носи ќеси од Springfield или Zara веднаш се буди желбата кај нас да одиме и ние во шопинг? Што е она што го создава овој импулс кај нас, некое лого да остане врежано во нашиот ум и убаво да запомниме одреден бренд?

Брендирање

Ефективно брендирање, направено со помош на логото на вистински и професионален начин, е од голема важност за развивањето на бизнисот и начинот на кој гледаме накај еден бренд.

logo_1363_1280x295

 

Публика

Се разбира, која е таргет публиката на еден бренд е вистинското прашање кога станува збор за дизајнирање на лого. Исто како кога Ханс Зимер компонира музика за филм овде дизајнерот мора да ги има во предвид сите аспекти на брендот и таргетот пред да започне со дизајнот на тоа лого. Ако е бизнис за играчки ќе настапите со дизајн кој е разигран, шарен и со здебелени букви, исто како да е напишано од дете.

Логото мора да асоцира со таргет публиката, и да ја отсликува истата.

ToysRUs-Logo-Design-1024x350

Иконски

Да, иконски дизајн на лого. Под ова не мислам дека треба да изгледа како икона туку да е дизајнирано на тој начин со кој ќе му помогне на брендот да стане незаборавлив. Кога ќе помислиме на иконски логоа, секогаш први на ум ни паѓаат Apple, Starbucks или EBay на пример.

Но овие логоа не секогаш беа сметани за иконски. На пример, логото на Apple Computers, на почетокот во 70-тите беше цртеж од Исак Њутн со нагласување на јаболкото кое штотуку не паднало врз главата на Њутн. Иако цртежот е прекрасен, Џобс и Вознијак ја поедноставија работата па тоа одамна е променето, и денес референцата кон јаболкото е она нагризаното кое го гледаме денес.

Professional-Logo-Design-1

 

Сето ова е измислено и направено од професионалци кои си ја знаат својата работа. Ова се клучни состојки кај едно лого кои само професионален лого дизајнер може да ги претвори во прекрасно лого кое ќе асоцира со вашиот бизнис, а не треба да се двоумите да го ангажирате.

Линкедин: https://mk.linkedin.com/in/martintolovski

Твитер: https://twitter.com/TolovskiMartin

You May Also Like

Previous Post
Градење на бренд онлајн
Next Post
Одбирање на Вистинската Боја за Твојот Бренд