Кога почнуваш да градиш бренд од нула, ќе се соочиш со доста возбудливи предизвици. Успесите се пред тебе, а уште не си го искусил ни првиот пораз. Можеби имаш добар производ, многу добар производ кој ќе донесе освежување и иновација во твојата индустрија. Но прашањето е, како ќе му дадеш до знаење на луѓето за производот, за твојот бизнис?
Брендирањето е критичен дел од било кој стартап. Праќаш порака на твоите идни клиенти зошто си различен, зошто треба токму тебе да те одберат, зошто си подобар. Целта ти е веднаш да ја добиеш довербата на тие луѓе. Затоа брендирањето е да се биде или не во бизнисот. Се надевам дека овие совети подолу ќе ти помогнат во создавањето на твојот бренд:
Дефинирај рано кој е твојот бренд – Не дозволувај буџетот за брендирање да го планираш откако ќе видиш како конкуренцијата „растура“ во дигитален маркетинг. Затоа пред да почнеш оддели си буџет со кој ќе си го билдаш својот бренд онлајн.
Гледај да се одвоиш од конкуренцијата – Со што ќе се одвои твојот бренд од конкуренцијата? Ако нудиш сличен производ, размисли како преку дигитална маркетинг стратегија би го позиционирал твојот подобро на пазарот. Создади фокус група од професионалци кои ќе ја креираат стратегијата заедно со тебе.
Дај му ја на твојот бренд почитта која ја заслужува – Размислувањето дека се можеш сам е една од најголемите грешки кои можеш да ги направиш во брендирањето. Ангажирај професионалци од кои ќе добиваш консултации и совети како да го градиш имиџот на твојот бизнис. Значи им плаќаш на овие професионалци за совети кои функционираат. Тоа е само дел од стратегијата за градење на бренд. Не го прескокнувај овој дел!
Креирај конзистентност во твојот бренд – Градиш доверба со потрошувачите низ годините. Ова значи конзистентност во услугата, производот, дизајнот на твојата веб страна итн. Ако клиентот може да се потпре на тебе значи кај него влеваш доверба и комфорт. Направи асоцијација на квалитет кога некој ќе го види твојот производ или лого дизајнот.
Инвестирај во онлајн рекламирање – Таргетираните реклами онлајн се есенцијален дел во ширењето на гласот за твојот бренд. Дел од брендирањето е инвестирањето во онлајн рекламирање. Кога ќе ја идентификуваш твојата клиентела, размисли каков маркетинг повеќе ги привлекува. Некои сакаат да видат убаво дизајниран плакат на билборди. Други пак, сакаат да видат убава веб страна или видео додека скролаат на социјалните профили онлајн.
Инвестирај во веб-сајт – Веб-сајтот ќе го замени и твојот најдобар продавач. Вистинскиот веб-сајт може да биде моќна алатка за информирање на твоите потенцијални клиенти и да им помогне да те пронајдат кога си им најмногу потребен. Веб-сајтот ќе работи 24/7 за тебе, информирајќи за твојот бизнис додека допира до потенцијални клиенти дури и кога ти нема да можеш да го правиш тоа. Не можам повеќе да ја нагласам важноста на еден веб-сајт!
За крај, се се сведува на упорност и подготвеност од твоја страна да го изградиш твојот бренд. Колку си подготвен за предизвиците кои следуваат во градењето на истиот?