(ВИДЕО) Интервју со основачите на Creative Hub – Forbes 30 Under 30

Тимот на Тивиус долго време на својот блог објавува статии поврзани со дигитален маркетинг, веб дизајн и видео продукција, но и статии каде го промовираме претприемаштвото кај младите во Македонија.

Во оваа доста интересна статија ја опфаќаме токму таа тема – претприемаштвото. Сепак решивме статијата да биде малку поразлична и да биде во вид на видео интервју.

Наши гости беа основачите на Creative Hub, Бојан и Аријана, брат и сестра кои пред неполн месец беа добитници на престижното признание Forbes 30 under 30, признание кое се доделува на 30-те најуспешни претприемачи под 30 години.

Бојан и Аријана беа избрани во областа социјално претприемништво. Бојан има само 23 години, а Аријана 29. И двајцата со огромен ентузијазам и желба за поголем раст и развој на својот бизнис.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг центар кој работи по 5П пристап, односно предавачи кои се ескперти од областите, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник.

Овој тренинг центар постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн.

Во видеото Бојан и Аријана разговараат за нивните почетоци, за стравовите и препреките, како и за нивните идни планови.