Како да го подобрите вашиот ранк на Google според одредени клучни зборови

Сакате вашиот веб сајт да се појавува на првата страна на Google, кога луѓето пребаруваат според одредени клучни зборови, релевантни за вашиот бизнис? Супер! Сите ние го сакаме истото. Рангирањето на првата страна на Google, според одредени одбрани клучни зборови, останува еден од најбрзите начини, вашиот бизнис да допре до илјадници луѓе. Но, како да допрете до првата страница на Google?

Една опција е да најмите некоја од оние сомнителни агенции кои ветуваат чуда, дека за две недели ќе направат да бидете меѓу првите 5 линкови на првата страна на Google. Но, верувајте, не сакате да го направите тоа. Деновите кога со неколку „финти“, можеше да се постигне прво место на Google, се одамна поминати. Ако некој ви ветува дека сеуште може да го направи тоа, тогаш свесно или несвесно се обидува да ве измами. Нема гаранции во светот на SEO (Search Engine Optimization).

Но, сепак тоа не значи дека не е невозможно. Да бидеме искрени. Тешко дека во скоро време ќе бидете први ако некој напише Apple или Google. Тоа се зборови на брендови и зборови толку силно етаблирани што е скоро невозможно да бидат симнати на рангот. Сепак ние овде нема да зборуваме за такви клучни зборови. Нема да зборуваме ниту само за кратки зборови, туку за збир од повеќе зборови, како на пример: „Најдобриот ресторан во Скопје“, „Евтини хотелски соби во Охрид“ итн.

Рангирањето на Google на првата страна е возможно, но со напорна работа. тоа не е нешто што се постигнува преку ноќ, со инсталирање на некоја програма, ниту пак се постигнува за 2 месеци. Потребни се неколку месеци работа, со цел да ја постигнете вашата цел, која секогаш зависи и од тоа колку и вашата конкуренција работи во сферата на SEO.

google-campus-building

Во овој текст ќе се обидам да ви дадам неколку совети за тоа како да го подобрите вашиот ранк на Google според одредени клучни зборови, кои се низа/збир од неколку збора, како што ви кажав погоре. Подетално за SEO, може да прочитате доколку го симнете нашиот бесплатен Водич во Дигитален Маркетинг.

Значи како што ви кажав, подобривањето на рангот на Google, не е некоја вуду магија, или специјална програма, туку долготраен и макотрпен процес на линкување и градење репутација.

1. Направете истражување

Почнете истражувајќи ја вашата конкуренција. Какви комбинации од зборови користи таа. Понатаму видете кои комбинации од зборови се најактуелни за пребарување. Многу корисна алатка за таа намена е Google Keyword Planner. За да може да ја користите, треба да имате gmail account. Одберете зборови кои не се премногу конкурентни, но и зборови кои сепак имаат доволно пребарувања месечно, за да се исплати трудот. Истражувањето е најважно, со цел да знаете како да ја поставите основата на вашата SEO стратегија.

2. Пишувајте наслови богати со информации

Луѓето според насловот одлучуваат дали ќе читаат одреден текст и дали ќе отворат одредена веб страна. Доколку во насловот не ги најдат зборовите кои ним им се потребни, многу малку е веројатно дека ќе кликнат да ја прочитаат статијата или веб страната. Затоа пробајте со различни варијации на наслови, кои содржат клучни зборови кои им се корисни на вашите купувачи. Еве пример како би изгледал наслов на статија доколку продавате мобилна апликација за мапи кои работат без интернет мрежа: „Како да ја користите новата мобилна апликација за мапи, која работи и без интернет конекција“. Значи во целиот наслов имате барем 5 многу барани клучни зборови.

3. Обрнете внимание на намерите на купувачот

Која е намерата на тој што седи позади компјутер и пребарува на Google. Дали сака само да се информира или сака да купи некоја услуга. Следствено на тоа и насловите треба да бидат во таа насока. На вашиот сајт треба да имате содржини и кои само информираат за вашите продукти/услуги и страници кои продаваат. Не може само едното или другото. Кога пишувате наслов на статија или веб страна, размислете како вие би напишале на Google кога би ви требала некоја услуга. Еве пример: „Поправка на автомобили во Куманово“, или „Изнајмување моторни чамци во Струга“ итн. Направете и мало истражување помеѓу пријателите. Видете што тие би напишеле. После тоа, обидете се да создадете наслови на страни кои ќе ги содржат тие клучни зборови и реченици.

Google

4. Пишувајте, пишувајте, пишувајте

Една работа е клучна за подобрување на вашиот ранк на Google. А тоа е постојано да сте активни онлајн. Не треба да помине недела, а вие да немате објавено барем две нови содржини/постови на вашиот веб сајт. Активноста значи кликови, значи дека сте видливи на социјалните мрежи и генерално онлајн. Но, не се работи и само за квантитет од содржини. Google има таков паметен алгоритам кој на некој начин прави проценка колку вашите содржини се вредни за корисниците. Ако се, ќе одите погоре на рангот на Google.

5. За подобрување на вашиот ранк на Google ви требаат што повеќе екстерни линкови

Што значи ова? Вам ви се неопходни линкови до други сајтови, по можност релевантни за вашиот бизнис. На пример ако продавате автомобили, доколку има статија на некој портал за автомобилизам, каде има линк до вашиот сајт, тоа влијае позитивно на вашиот ранк на Google. Некои компании линковите ги купуваат. На пример плаќаат на портали да објавуваат такви постови за нив. Други ги договараат со одредена компензација. Трети пак се покреативни и преку организирање на некој хуманитарен или спортски настан, прават многу други страници и портали самостојно да ги линкуваат.

6. Рекламирајте ги вашите страни/постови како луди

Вашиот ранк на Google ќе зависи и од тоа колку пати вашиот пост е споделуван, лајкуван и кликан на Facebook, LinkedIn, Twitter и на останатите социјални мрежи. Рекламирањето на фејсбук е релативно евтино. Сепак, треба да имате привлечни содржини и дизајни. Таргетирајте ја правата публика. Фејсбук има одличен алгоритам за тоа. Публиката може да ја одредите според повеќе демографски карактеристики како пол и возраст, но и според место на живеење и според интересите. Доколку немате доволно знаење да менаџирате ефикасна фејсбук кампања, ние сме овде да ви помогнеме.

Заклучок

Многумина имаат погрешни сфаќања и разбирање за тоа како функцинира алгоритамот на Google. Некои сметаат дека постои магична формула за тоа. Таквото сфаќање е погрешно. Други пак сметаат дека ние не можеме да направиме ништо околу тоа. И тоа е погрешно сфаќање.

Вистината е некаде во средина. Вашиот ранг на Google зависи од многу фактори, како: бројот и квалитетот на интерни и екстерни линкови, бројот и квалитетот на содржините на сајтот, маркетингот на социјалните мрежи итн. Кога работите на оптимизација, земете ги во предвид и намерите на купувачот т.е. што тој би пишал на Google, потоа привлечноста на насловите и секако големината на конкуренцијата за одредени клучни зборови.

You May Also Like

Previous Post
Одбирање на Вистинската Боја за Твојот Бренд
Next Post
(ИНФОГРАФИК) Како да комбинирате кампања на социјалните мрежи со емаил маркетинг кампања