seo кампања

Како функционира една SEO кампања?

SEO (Search Engine Optimization), или оптимизација на пребарувачи на македонски, е есенцијална алатка на дигиталниот маркетинг. Добро оптимизирана SEO кампања е најефикасен метод за добивање нови клиенти како дел од таканаречениот „inbound“ маркетинг. Со една правилно поставена SEO кампања може да се добиваат нови клиенти на редовна база и да се постави стабилен развој на бизнисот.

Моментално системот на генерирање нови клиенти на Тивиус функционира на начин што над 80% од клиентите ни доаѓаат преку пребарување на Google, каде по повеќе клучни зборови кои ги претставуваат нашите услуги, излегуваме во првите 3 резултати. Инвестицијата во SEO во минатото, ни овозможува сега континуирано да добиваме нови клиенти без многу напор.

На почетокот, како и многу други мали бизниси имавме „омнипотентен“ пристап кон нашата маркетинг стратегија. Тоа значеше користење на сите можни дигитални маркетинг алатки кои постојат: емаил маркетинг, адвертајзинг (платено рекламирање), маркетинг на социјални мрежи, видео маркетинг, блогирање, лендинг страни, инки за продажба (sales funnels), cold calling/emailing, SEO итн. Сега, иако не ја занемаруваме важноста и улогата на погореспомнатите маркетинг алатки, фокусот ни е на SEO (и блогирањето како дел од SEO).

Моќта на SEO за растот на секој бизнис во никој случај не може да се занемари. Само овие неколку статистики се доволни да го потврдат тоа (извор):

  • 68% од искуствата преку Интернет започнуваат со пребарувач;
  • 53.3% од целиот сообраќај на веб-страните доаѓа од органско пребарување;
  • SEO носи 1000% повеќе сообраќај отколку органските постови на социјалните мрежи;

seo кампања

Каква SEO кампања е потребна за мојот бизнис?

Многу често го добиваме ова прашање од нашите клиенти. Одговорот е дека иако секоја SEO кампања треба да биде уникатна и да има таканаречен „personal touch“, најдобро е кога функционирате според одреден проверен систем. Тоа е нашата стратегија и пристап кон SEO. Долгогодишното искуство и одлични резултати во оваа сфера ни овозможија да ги детектираме работите кои функционираат, и работите кои не функционираат.

Пред скоро точно една година создадовме три SEO пакети прилагодени за потребите на секоја компанија. Нашиот пристап го сумиравме во една реченица: „Креираме SEO кампањи насочени кон резултати, следејќи го алгоритмот на Google, преку обезбедување вредност за корисниците.“

Кои се чекорите во една SEO кампања на Тивиус?

Во секоја наша SEO кампања имаме 6 чекори, и тоа:

  • Истражување на клучни зборови;

  • Анализа на конкуренцијата;

  • Анализа на веб страната;

  • On-Page SEO;

  • Off-Page SEO;

  • Следење на резултатите и извештаи.

Ајде да ги разгледаме овие чекори подетално и со тоа да одговориме на прашањето поставено во насловот на оваа статија.

seo kampanja

Истражување на клучни зборови

Ова е првата фаза, каде ја анализираме намерата на корисникот и фреквенцијата на клучни зборови во различни индустрии. Исто така, ги разгледуваме клучните зборови што ги користат конкурентите на клиентот. На крај, создаваме листа со клучни зборови и фрази за пребарување кои имаат најголема можна шанса за подобрување. Тоа може да се short-tailed или long-tailed keywords.

Анализа на конкуренцијата

За секој бизнис е клучно е да ги знае своите конкуренти. Со деконструкција на нивните стратегии за оптимизација, можеме да создадеме подобри и поефикасни стратегии и кампањи за оптимизација и да ги надминеме според ранг на Google. За анализа на конкуренцијата, ние користиме напредни алатки и онлајн софтвери.

Анализа на веб страната

После опсежното истражување на клучни зборови и анализа на конкурентите, користиме напредни софтвери за да ја проанализираме вашата веб-страница подетално. На овој начин разбираме како е изградена веб страната и се обидуваме да најдеме технички грешки и да ги поправиме. Секако доколку веб страната е изработена од тимот на Тивиус, овој чекор може слободно да се скокне, бидејќи веб страната ќе биде технички целосно оптимизирана.

seo kampanja

On-Page SEO

On-Page SEO значи промени што ги спроведуваме на веб страната на клиентот со цел да ја оптимизираме внатрешно. Тоа подразбира создавање оптимална внатрешна структура за поврзување, оптимизација на брзината, оптимизација на URL-адресите, наслови на страници (SEO title tags), H1 tags, додавање алт описи, мета описи итн. Секако во овој дел е вклучен и content writing-от т.е. додавање на нова квалитетна содржина на сајтот (која може да биде напишана од клиентот или од нашиот тим за копирајтинг како дополнителна услуга).

Off-Page SEO

Основниот елемент на off page SEO е градење на линкови. Backlink е спомнување на вашата веб страна на друга надворешна веб-страна. Имајќи висококвалитетни линкови што упатуваат кон вашата веб-страна го зголемува авторитетот на вашата страна и на крајот ја подобрува видливоста на брендот. Тука користиме повеќе тактики и стратегии, како guest posting, форуми, размена на линкови итн.

Следење на резултатите и извештаи

Известувањето и следењето на напредокот е од суштинско значење за пронаоѓање на слабите врски и подобрување на SEO кампањата. Нашиот месечен образец за известување вклучува листа на завршени активности и постигнати резултати (рангирање на варијација на таргетираните клучни зборови).

seo kampanjaИзбери проверен систем за твојата SEO кампања

Солидно оптимизирана SEO кампања значи проверен и тестиран систем кој ние во тимот на Тивиус го користиме за SEO кампањите на нашите клиенти. Само како еден пример е кампањата која ја работевме заедно со тимот на Fabricca, за клиент од Германија (софтверска компанија). За 2 месеци успеавме да дојдеме први по клучниот збор „presentaid“ во Германија, а во топ 3 резултати во САД и Британија. Со оглед дека се работеше за нова веб страна, резултатот не е за потценување. Секако во следна фаза нашата кампања се фокусира на поконкурентни клучни зборови, каде за резултати се потребни повеќе месеци работа и оптимизација.

Понатаму, друг пример е SEO кампањата за Lux Okulistika, приватна клиника од Копер, Словенија. Во овој случај, за само 2 месеци постигнавме значаен раст на кликовите и рангот по повеќе клучни зборови (погледни скриншот подолу). Тука кампањата ја почнавме на 24 јануари 2023та. Од тогаш имаме постојан и конзистентен раст.

google search console results for lux okulistikaЗаклучок

Резултатите во SEO не доаѓаат преку ноќ и не постојат SEO трикови. За квалитетни и одржливи SEO резултати се потребни барем 6 месеци работа, пишување квалитетна содржина и следење на чекорите од системот за SEO создаден од тимот на Тивиус. Инвестирањето во SEO маркетинг е една од најисплатливите инвестиции кои една фирма со онлајн присуство може да ги направи. SEO резултатите се многу подолготрајни и постабилни од останатите дигитални маркетинг алатки.

You May Also Like

Previous Post
Неколку технички совети за како да го подобрите рангот на вашата веб страна на Google
Next Post
Како со php код да креирате custom post types во WordPress