Како со дигитален маркетинг до поуспешен бизнис?

Доколку сте во бизнис водите, вашите мисли сигурно често се движат во насока на резултати и ефикасност. Наместо дефиниции и филозофија, очекувате конкретни решенија.

Бидејќи оваа статија е наменета токму за оние кои имаат приватен бизнис, затоа во овој краток текст ќе ви го понудиме токму тоа: Конкретни решенија.

Сите знаеме што е дигитален маркетинг, кои се неговите елементи итн. Вистинското прашање е како најефикасно да се искористи во насока на постигнување подобри резултати за секој бизнис?

Кои резултати да ги очекувате?

Иако, не секогаш е лесно да се измерат резултатите од некоја активност, сепак во светот на дигиталниот маркетинг, мерливоста е суштинска и најважна карактеристика.

Па тогаш, кои резултати да ги очекувате со имплементација на квалитетен дигитален маркетинг во вашиот бизнис? Ние издвоивме 3 главни:

Резултат 1: Препознатливост

Како велат: „Лесно е да продаваш кога луѓето знаат за тебе.“ Чиста вистина. Токму дигиталниот маркетинг ја има моќта денес да ја пополни оваа празнина.

Кога не постоеше дигиталната сфера, Интернетот и пред се социјалните мрежи, беше многу потешко, а и поскапо, луѓето да дознаат за твојот бизнис. Денес тоа е променето.

Фотографии, видеа, креативи, дизајни… Кампањи на социјалните мрежи, емаил маркетинг…. Креативни блогови…. Се ова се алатки на дигиталниот маркетинг. Сепак сами по себе сите тие не се доволни доколку не се во линија со пораката на бизнисот и продуктот/услугата која се промовира.

Резултат 2: Потикнување разговор

Паметен дигитален маркетинг има за цел да потикне врева и разговор помеѓу целните групи. Продажбата е процес потикнат од љубопитност и препораки од познаници.

Резултат 3: Директни продажби

Кај успешниот дигитален маркетинг не изостануваат директните продажби. Сепак тие се резултат кој следи после неколкумесечен паметно структуиран процес, каде потенцијалниот купувач се води низ неколку чекори (низ таканаречена инка) при што на крај носи одлука за купување.

Besplatna brosura za marketing plan

Како функционира процесот?

Тивиус, како дигитална маркетинг агенција има поставено систем, преку кој се менаџираат кампањите за дигитален маркетинг за клиентите. Процесот е создаден после тригодишно искуство во директна комуникација со клиентите.

Чекор 1: Првичен состанок и дознавање на потребите на клиентот;

Чекор 2: Период на истражување и собирање идеи;

Чекор 3: Создавање материјал/содржина (фотографии, видеа, креативи);

Чекор 4: Имплементација на материјалот (објавување и спонзорирање);

Чекор 5: Анализа и извештај на крај на секој месец.

Ајде да почнеме…

Изминатиов период, преку разговори со наши клиенти, но и со сопственици на многу други компании, се обидовме да ги откриеме потребите за дигитален маркетинг на компаниите во Македонија. Се обидовме тие потреби да ги спакуваме во 4 пакети каде се опфатени потребите како на помалите фирми, така и на средните и на поголемите фирми.

Велат дека успехот се базира на акција. Па која акција ќе ја превземеш денес? Кој пакет е идеалниот за тебе и твојата компанија?

Повеќе детали на следниов линк.

You May Also Like

Previous Post
Што работи една дигитална маркетинг агенција?
Next Post
Што научив од досега изработени 50 веб страни…