видео содржина

До 2019та, 80% од вкупниот интернет сообраќај ќе биде видео содржина

Дали некогаш си се запрашал, што најмногу се прави на Интернет?

Мислам дека ќе погодиш…

Да, најмногу се гледаат видеа.

Во 2014-та, импресивни 64% од севкупниот сообраќај отпаѓал на видео содржините.

Не очекува експлозија на видео содржините

Во следните 3 години, не очекува вистинска експлозија на видео содржините, покажува најновата анализа на компанијата Cisco.

Според оваа анализа, до 2019-та година, онлајн видео содржините ќе бидат 4/5 или 80% од вкупниот интернет сообраќај во светски рамки. Во САД, овој процент ќе се искачи и до неверојатни 85%.

Проценките се дека до 2019-та, над половина од жителите на планетата Земја (или околу 3,9 милијарди луѓе) ќе имаат пристап до Интернет. Бројот на електронски уреди за сурфање на Интернет (компјутери, смартфони, таблети итн.) ќе биде 3 пати поголем од светската популација.

До тогаш околу 66% од Интернет сурфањето ќе биде преку мобилни уреди. Токму затоа и респонзивноста на веб сајтовите ќе биде од суштинско значење.

Иднината на Интернет сообраќајот

Видео содржина, ќе биде најчесто користениот збор на маркетинг професионалците ширум светот.

Зошто го тврдам тоа?

Погледнете само некои од предвидувањата на Cisco за видеото:

• До 2019-та, 80% од светскиот интернет сообраќај ќе се должи на онлајн видета;

• На една просечна индивидуа ќе и бидат потребни 5 милиони години да ги изгледа сите видеа, кои ќе се прикачуваат за само 1 месец (во 2019-та);

• Безжичниот стриминг ќе го поттикне растот, а 4К видеата ќе бидат новиот стандард за публиката;

• Глобалниот Интернет сообраќај ќе достигне 2 зетабајти (100 трилиони гигабајти);

• Сообраќајот од мобилни уреди ќе се искачи на 66%;

Онлајн видеата ќе доминираат над телевизијата

Онлајн видеата ќе бидат сериозен конкурент на телевизијата. Борбата ќе се води во полето на 3Д видеата и проширената реалност.

Луѓето ќе сакаат да искусуваат што повеќе и што поавтентично.

Како „Онлајн видео“ Cisco ги дефинира: видеата на YouTube, Facebook и останатите видео платформи, потоа Hulu, Netflix), како и стримингот во живо (live-streaming), купувањето и рентањето видеа онлајн, како и веб камерите.

Извор: By 2019, 80% of the World’s Internet Traffic Will Be Video

НАШИ ПРИМЕРИ ОД ВИДЕО ПРОЕКТИ!