СПОРЕДБА: Кој портал е повеќе посетен Плусинфо или Телеграф?

Деновиве актуелна е медиумската војна помеѓу приврзаниците на различните политички партии во Македонија. Иако е тешко да се процени силината на медиумите кои се на едната или на другата страна, ние се обидовме да направиме анализа и споредба на два портали, Плусинфо и Телеграф, едниот проопозициски настроен, а другиот поблизок до власта.

Како дел од нашите услуги, ние нудиме и водење на комплетен дигитален маркетинг, со вклучена анализа на конкуренција, како и подготовка на маркетинг стратегија за социјални мрежи и медиуми.

Токму затоа ја направивме и оваа анализа, како еден вид пример како изгледа една анализа на конкуренцијата, која ние би ја изработиле за вас. Па да почнеме.

Плусинфо има блага предност пред Телеграф

Податоците се однесуваат за изминатиот месец февруари. Според овие податоци порталот Плусинфо се наоѓа на 37 место во Македонија според посетеноста, а Телеграф на 48 место.

Но, да видиме конкретно колку посети има секој од овие два портала поединечно.

Како што може да забележиме Плусинфо, во последните 6 месеци, има просечна месечна посетеност од 663.600 посети, а Телеграф 528.800 посети. Во декември и двата сајта имале зголемена посетеност, што најверојатно кореспондира со периодот кога се одржуваа парламентарните избори во Македонија.

Просечното време колку што еден просечен посетител се задржал на сајтовите е 3 минути за Плусинфо, и 1 минута и 30 секунди за Телеграф. Во овој дел, Плусинфо значително предничи пред Телеграф.

Понатаму, Плусинфо е подобар и во таканаречениот bounce rate, или процентот на посетители кои го напуштиле сајтот по само една прочитана статија или отворена страна. На пример кај Телеграф 75,24% од посетителите си одат од сајтот по само една прочитана вест или статија. Колку е понизок bounce rate-от толку сајтот е поинтересен за посетителите и повеќе го задржува нивното внимание.

Телеграф има поголем сообраќај кој доаѓа од социјалните мрежи

Скоро 70% од посетителите на порталот Плусинфо доаѓаат на сајтот директно впишувајќи го името на порталот. Но само 10% од посетителите доаѓаат преку социјалните мрежи. Во овој дел Плусинфо има можност за унапредување.

Кај порталот Телеграф, од друга страна, дури половина од посетителите доаѓаат од социјалните мрежи.

Во однос на тоа од кои други сајтови доаѓаа сообраќај на Плусинфо, тука предничат сајтовите или генераторите на вести grid.mk и time.mk. Истото важи и за Телеграф.

За крај направивме анализа на тоа од кои земји има најмногу посети на овие два портали. Секако тука на прво место и кај двата портали е Македонија, па следат САД, Германија итн.

Доколку би сакале ваква слична анализа за вашата компанија,  каде би бил вклучен и многу подетален извештај за вашите главни конкуренти, побарајте не на tiviusproductions@gmail.com или на +389 77 741 672.