4 изговори што ве спречуваат да започнете сопствен бизнис

Мнозинството од луѓето се познати по барањето изговори за непревземање акција. Дали можеби тоа е немањето време, немањето пари или немањето вештини како да се направи. Во глобала, постојат 4 изговори што ве спречуваат да започнете сопствен бизнис.

1. Не сакате да ја изгубите сигурноста која ви ја носи сегашната работа

Изминативе пет години во САД има неверојатен пораст на бројот на луѓе кои започнале свој бизнис. Причината е поради економската криза, каде многумина ги изгубија своите работни места, и немаа друго решение освен да се обидат да започнат сопствен бизнис.

Според статистиките многу е тешко да успеете во вашиот бизнис, доколку имате друга работа. Вашиот бизнис, особено на почетокот ќе бара од вас многу време, енергија и посветеност.

2. Немате доволно капитал/пари

90% од претприемачите кои отвориле сопствен бизнис, на почетокот немале доволно пари. Некои имале среќа да некој инвестира во нивниот бизнис. Но, тие се мал процент. Поголем дел од вас, кои сакате да отворите сопствена фирма, ќе мора самите да го финансирате вашиот бизнис.

3. Чекате се додека …

Празното место можете и самите да го потполните. Постојат милиони зборови кои би можеле да стојат на тоа место. Можеби чекате да соберете доволно пари, или чекате погоден момент, или чекате да завршите со факултет.

Исто како и со формирањето семејство, не постои совршено време за формирање на бизнис. Никогаш нема да бидете 100% подготвени.

4. Се плашите од неуспех

Да ви кажам една страшна вистина. Околу 90% од новите бизнис пропаѓаат во првата година. Добро ова важи за САД. За Европа просекот е околу 80%, што исто така е многу висок.

Значи шансите да успеете не се на ваша страна. Но, сепак, токму тоа е составен дел од водењето бизнис! Ризикот! Сепак, секогаш имајте резервен план. Направете добра стратегија, каде конкретно ќе ја одредите вашата целна група, која паметно ќе ја таргетирате. Така ќе ги зголемите значително шансите за успех.