5 работи кои треба да ги направите кога ќе одлучите да отворите сопствен бизнис

Сте решиле да започнете сопствен бизнис и да станете претприемач. Според советите на многу успешни претприемачи, ова се најважните 5 работи кои треба да ги направите кога ќе одлучите да отворите сопствен бизнис.

1. Влезете 100% во работата, и не се двоумете дали одлуката да започнете сопствен бизнис била правилна

Доколку постојано се прашувате дали сте направиле правилен избор и се двоумите дали сте на правата патека, ќе го изгубите фокусот и енергијата потребни да го кренете вашиот бизнис на нозе. Водењето бизнис не е играчка, и се што е помалку од 100% ваш влог, ќе резултира со неуспех.

2. Најдете ментор

На секој претприемач му треба ментор и пример според кој ќе се води и мотивира. Не само што менторот ќе ви помага да држите темпо на работа и напредок, туку и ќе биде покрај вас во моментите на спорадичните неуспеси кои се неизбежни на конечниот пат до успехот.

3. Создадете дневни рутини со конкретни цели

Успехот бара голема дисциплина. Поставувањето на дневни рутини со конкретни цели ќе ви помогне да ја одржувате дисциплината на високо ниво.

4. Исклучете ги од вашиот круг луѓето што шират негативна енергија и ве демотивираат

Подобро е да се дружите со луѓе многу подобри и попаметни од вас. Од нив може многу да научите. Но, не само тоа. Многу битна е и енергијата на луѓето. Доколку имате луѓе кои ве мотивираат и шират позитивна енергија, задржете ги околу вас.

Но, доколку имате некого кој постојано се жали и ве демотивира, оддалечете го од вашиот живот, макар бил и многу интелегентен. Таквите луѓе ќе ви го одземаат фокусот од битните работи при водењето бизнис, но и ќе ви ја намалат мотивацијата.

5. Ширете ја мрежата колку што можете повеќе

Многумина велат дека факултетот не е повеќе за учењето колку за создавањето мрежа од луѓе кои подоцна можат да ви се најдат во бизнисот, како потенцијални партнери или клиенти. Но, дури и да немате широка мрежа, не е ништо изгубено. Обидете се да надокнадите. Учествувајте на настани, разговарајте со луѓето, делете визит картички.

На пример, започнувате бизнис со изработување веб сајтови. Кажете им на луѓето за вашиот бизнис. Дури и ним да не им треба веб сајт, сигурно имаат пријател или познаник на кому му треба.

Поставете си неделни и месечни цели, со колку луѓе ќе разговарате и на колку настани ќе присуствувате, се со цел да ја проширите вашата мрежа, која е клучна за напредокот на вашиот бизнис.