Кампањи на социјални мрежи
Ви претставуваме дел од кампањите на социјалните мрежи што ги креиравме за различни клиенти. Ова се неколку примери од досегашната работа со бројни клиенти од Македонија, Дубаи, САД итн.
Кампања за Super Stacy
Super Stacy е бренд за женска спортска облека. Нашиот тим работеше на зголемување на свесноста за брендот, како и продажбата преку создавање уникатни фотографии и дизајни. Исто така, ги менаџиравме и кампањите на социјалните мрежи и нивното целокупно присуство на социјалните мрежи. Досега постигнавме значајни резултати со зголемување на продажбата за повеќе од 30%.
Кампања за Евроинс Македонија
Имавме можност да работиме со Групацијата за осигурување Евроинс (подружница во Скопје, Македонија), во врска со маркетинг на социјалните мрежи на Фејсбук и Инстаграм. Кампањата беше главно фокусирана на зголеување свесност за брендот, промовирање на нивните услуги и новата веб-страница која беше редизајнирана од тимот на Тивиус.
Кампања за Премиум Гуми
Премиум Гуми е компанија од Скопје, Македонија. Работиме за нив веќе неколку месеци и имаме одлична соработка во областа на маркетингот на социјалните медиуми. Во нашите кампањи за зголемување на свесноста за брендот, вклучивме повеќе интерактивни, забавни и едукативни дизајни и содржини со цел да создадеме повисок ангажман на страницата.
Кампања за Beyond Basketball Academy
Имавме можност да работиме маркетинг на социјални мрежи за Beyond Basketball Academy (Кошаркарска академија од Дубаи). Нашите напори беа насочени кон lead generation кампањи на Фејсбук и Инстаграм, како и на подобрување на присуството на социјалните медиуми, со фокус на Фејсбук и Инстаграм.
Кампања за МДН Обезбедување
МДН Обезбедување е приватна компанија за обезбедување од Македонија која се занимава со физичко обезбедување на објекти, згради и имот, видео мониторинг и аларм и техничко обезбедување. Тимот на Тивиус спроведува маркетинг кампања на социјалните мрежи за МДН Обезбедување со цел да се зголеми свесноста за брендот, како и за придобивање на нови клиенти.
Кампања за Заум Органик
Како што здравата храна станува сè попопуларна во светот и кај нас, имавме одлична можност да работиме за македонскиот бренд Заум Органик. Нивниот главен производ е путерот од лешник. Создадовме уникатни и привлечни фотографии и дизајни со цел да го претставиме неодоливиот вкус и квалитет на производите и да привлечеме нови клиенти.
Кампања за Флорео
Може да кажеме дека сме навистина среќни што имаме одлична соработка со најпознатиот македонски бренд за органски мед, Флорео. Бидејќи ја изработивме нивната веб-страница за е-трговија floreo.mk, работиме паралелно и на маркетинг на социјалните мрежи за брендот. Покрај кампањите за подигнување на свеста за брендот, се фокусираме и на кампањи за конверзија со напредно рекламирање на Фејсбук со користење на Lookalike audience и Facebook pixel. Сите уникатни фотографии кои се објавуваат се создадени од тимот на Тивиус Продукција.
Кампања за Елте Светот на алатите
Елте Светот на алатите е брзорастечка компанија од Виница, Македонија. Имавме можност да работиме маркетинг на социјални мрежи за нив, со фокус на платформите Фејсбук и Инстаграм. Нашата главна цел беше да ја зголемиме видливоста на брендот и како и свесноста за брендот, со цел луѓето да го препознаат брендот при посета на продавниците каде што беа достапни нивните производи. Создадовме и многу интерактивни кампањи со наградни игри, на кои добивме огромен интерес од публиката.
Кампања за Зоо Макси
Кампањата на социјални мрежи за Зоо Макси главно беше насочена кон создавање привлечна визуелна содржина за Фејсбук и Инстаграм страните на клиентот. Нивната главна цел беше да ја зголемат свесноста за брендот, и да се промовираат како високо квалитетен бренд за продажба на храна за домашни миленици. Другата цел беше да се зголеми продажбата на нивната е-продавница.