Како да го одбереш вистинскиот домејн за твојот вебсајт

Кога станува збор за градењето на веб-сајт, вашиот домејн игра многу важна улога. Атрактивно, кратко и досетливо домејн име може да им помогне на клиентите да ве запознаат, да ве пронајдат полесно и да им го дадете она што им треба.  И обратно, лошо домејн име ќе го направи вашиот веб-сајт тежок за наоѓање, па клиентот ќе кликне друг сајт или нема ни да се обидува. Ова се пет кратки совети како да го одберете вистинскиот домејн за вашиот веб-сајт:

 

Направете го лесен за паметење. Ако луѓето запомнат веб-сајт, поверојатно е дека пак ќе го посетат. Нашите мозоци процесираат тони информација дневно, и повеќето од таа информација ја забораваме. Ако некој пријател ни каже за добар веб-сајт, не значи дека ние веднаш ќе го запомнеме и ќе го посетиме утре.

Направете да биде поврзано со вашиот бизнис. Кога избирате домејн, најдобро е да почнете од некои клучни зборови кои се поврзани со вашиот бренд, бизнис или дејност. Земете ги тие клучни зборови и претворете ги во име. Може и да измислите досетливо име, но ако некако не е поврзано со вашата дејност, луѓето може и да не го запомнат.

Направете го лесен за пишување. Избегнувајте тешки комбинации. Ако се двоумите, викнете пријател кој е просечен корисник на компјутер. Доколку и нему му е тешко да го напише вашиот домејн, тогаш треба да размислите за промена на истиот.

Избегнувајте име кое е слично со популарен веб-сајт. Да, можеби ќе добиете сообраќај од некоја грешка во пишувањето, но воопшто не е кул и губите на кредибилитет и квалитет.

 

И за крај, делувајте брзо. Домејн имињата се продаваат „како алва“, но за среќа тие не се скапи, па регистрирајте го Вашето домејн име што е можно побрзо. Тоа е вашиот идентитет на интернет и не заборавајте да бидете запаметени.

 

Twitter: @TolovskiMartin

LinkedInhttps://mk.linkedin.com/in/martintolovski