Веб Дизајн и Графички Дизајн
Целиот процес на соработка се состои од неколку чекори. Прво, клиентот ја пополнува следнава форма за резервација. Подоцна, остваруваме разговор во живо или преку скајп со цел да се разјаснат сите детали околу проектот и потребите на клиентот. Доколку постигнеме согласност, потпишуваме договор. Клиентот исплаќа 50% од вкупната сума пред почетокот на проектот. Останатите 50% се исплаќаат по завршувањето на веб сајтот или дизајнот. Во зависност од обемот на работа и комплексноста, за веб сајт во просек се потребни 3-4 недели, а за графички дизајн 3-4 дена.
Штом дизајнот или веб сајтот биде комплетиран, оставаме неколку дена на клиентот да го разгледа и да наведе листа, доколку има забелешки за промени и корекции. После тоа тимот на дизајнери од Тивиус ги прави потребните корекции.
Штом е извршена уплата, парите не се враќаат. Доколку проектот е откажан или одложен од страна на клиентот, сите исплатени средства се задржуваат. Доколку по грешка клиентот исплатил повеќе средства од договореното, тие дополнителни средства ќе бидат целосно рефундирани.
Доколку клиентот не е задоволен од дизајнот, може да наведе листа со забелешки кои подоцна ќе бидат адресирани од страна на тимот на Тивиус, и секако ќе бидат направени потребните промени, но исплатените средства не се враќаат.
Видео и Фотографија
Слично како и кај процесот за изработка на веб страна, и овде најпрво клиентот ја пополнува формата за резервација. Потоа следува состанок во живо или преку скајп, каде ги разјаснуваме сите детали за проектот. Потоа потпишуваме договор. 50% од вкупната договорена сума, клиентот ја исплаќа однапред, а останатите 50% по завршувањето на видеото/фотографиите. Цената зависи од повеќе фактори, и ја одлучуваме после пополнетата форма за резервација или после состанокот.
Во зависност од договорот, можни се сугестии за време на продукцијата и пост-продукаицјата, и секако по завршувањето на првичната верзија на видеото/фотографиите. Корекциите и забелешките може да се однесуваат само на детали поврзани со пост-продукцијата, а не за снимање или фотографирање наново. За тоа се доплаќа дополнителен надомест.
Штом се изврши уплатата, парите после тоа не се рефундираат. Доколку проектот е откажан или одложен од страна на клиентот, сите уплатени средства се задржуваат од страна на Тивиус Продукција. Доколку по грешка клиентот исплатил повеќе средства од договореното, тие дополнителни средства ќе бидат целосно рефундирани.
Доколку клиентот не е задоволен од видеото/фотографиите, може да наведе листа со забелешки кои подоцна ќе бидат адресирани од страна на тимот на Тивиус, и секако ќе бидат направени потребните промени, но исплатените средства не се враќаат.
Оптимизација на пребарувачи, Дигитален Маркетинг и Маркетинг на Социјални Мрежи
Средствата исплатени за оптимизација на пребарувачи, дигитален маркетинг и маркетинг на социјални мрежи не се рефундираат, освен во случај да клиентот по грешка платил повеќе пари од договореното. Во тој случај тие плус исплатени средства ќе бидат 100% рефундирани. Сите детали поврзани со овој дел се дополнително наведени во договорот кој се склучува со клиентот.