Не секој купувач е ваш потенцијален клиент!

Секој претприемач и иноватор смета дека неговиот производ или услуга се најдобри и дека секој би сакал да ги купи. Со таа длабоко вкоренета илузија, најголемиот број млади претприемачи, при својата маркетинг кампања таргетираат секој и секого и трошат драгоцени ресурси.

Следејќи, пред некое време, еден настан каде говореше Craig Fitzpatrick, основачот на Page Cloud, инаку прекрасна и многу едноставна платформа за градење веб сајтови, особено внимание ми одзема едно од прашањата после говорот.

Прашањето се однесуваше на нивната маркетинг стратегија, поточно на тоа која е нивната целна (таргет) група на која би им го продавале овој извонреден производ, кој без дилеми сите го оценија со највисоки оцени. Крег малку збунето призна дека иако платформата е многу едноставна, не очекува неа да ја користат лаици во веб дизајн. Пак, според него, нивната таргет група се сведува на веб дизајнери, на кои значително ќе им се поедностави работата, и евентуално сопственици на мали бизниси, кои сами би се обиделе да направат сопствен веб сајт, заштедувајќи пари. Сепак, и самиот призна дека не очекува голем интерес од публика надвор од оние кои веќе барем малку се навлезени во веб дизајн.

Јас искрено се надевам дека проектот Page Cloud ќе биде успешен, но реалноста е дека на почетокот нивната таргет група е многу ограничена. Потенцијалните клиенти им се веб дизајнерите, кои не се некој голем пазар. Да успеат да ги привлечат сопствениците на мали бизниси, што е секако реално остварливо, ќе им треба долга и скапа маркетинг кампања. Таа маркетинг кампања мора прецизно да ги пронајде и убеди токму сопствениците на мали бизниси, кои сакаат да прават повремено мали промени на својот веб сајт, а притоа за тоа да не плаќаат веб дизајнери и подршка.

51.jpg

Одредете ја што е можно попрецизно вашата таргет група

Со ова доаѓаме до нашиот главен аргумент во оваа статија. Секоја маркетинг кампања, во модерно време, мора да ја одреди што е можно попрецизно својата потенцијална таргет група. Стратезите на компанијата мора да одговорат на прашањето: Како ќе изгледа мојот просечен клиент?

За да ја конкретизираме аргументацијата ќе ви прикажеме краток извадок од нашата анализа. Како изгледа потенцијален клиент на Тивиус Продукција?

Тоа е мала или средна фирма, или индивидуа, која досега немала реклама, немала веб сајт, но се шири и сака да се шири на пазарот. Значи на македонскиот пазар 90% од проектите за кои сме работеле, без разлика дали тоа било видео спот (реклама), фотографии, графички дизајни или веб сајт, биле за клиенти кои за прв пат плаќаат за такво нешто. Нашата стратегија уште на почетокот беше реална, дека не можеме уште на почетокот да бидеме конкурентни кај фирмите кои подолго време користат такви услуги, па решивме да ги таргетираме оние кои или воошто не плаќале за такви услуги или импровизирале.

Понатаму, бидејќи полека започнуваме со работа и на американскиот пазар, моравме и таму да ја најдеме правата целна група. За разлика од Македонија, таму целна група ни се индивидуи и мали бизниси кои имаат генерално лош веб сајт, па ние како креативни дизајнери, им нудиме поголема вредност. Во пакетот за веб дизајн, додаваме можност за графички дизајни, фотографии и видеа, што и дава само дополнителна вредност на нашата понуда.

31.jpg

Таргетирањето е клучно за опстанокот на вашиот бизнис!

Таргетирањето е клучно не само за успехот, туку и за опстанокот на вашиот бизнис! Ако планирате да отворите продавница за теписи на пример, мора да дефинирате детално кои ќе бидат ваши најчести потенцијални купувачи. Можеби тоа ќе бидат млади брачни парови, или семејства кои сакаат да го обноват својот дом. Секако ќе имате и по некој студент или пензионер кој ќе купи можеби ваш продукт, но реално тие ќе бидат едвај 5 до 10% од вашите клиенти. Најдете го најчестиот купувач! Како тој изгледа. Што прави? Кои се неговите навики? Како можете да допрете до него?

Понатаму, со истиот пример, ако ваш најчест купувач се млади брачни парови, треба да видите дали ваша целна група се млади брачни парови кои сакаат луксуз (доколку продавате скапи реномирани теписи) или се фокусирате на оние со просечни или помали примања, бидејќи нудите солиден квалитет за пониска цена.

Постојат многу работи кои се важни во градењето на вашата маркетинг стратегија, и за сите нив ќе се осврнеме во некоја идна статија, но таргетирањето и допирањето до правата целна група е основното и суштинското од што ќе зависи опстанокот на вашиот бизнис.

41.jpg

Приоретизирајте!

И за крај, нешто што го работиме веќе подолг период, а е поврзано со темата на оваа статија. Замислете имате апликација/софтвер која ги рангира по приоритет разните демографски и географски групи, според одредени параметри, или поедноставно кажано имате машина која за вас одредува која е вашата идеална таргет група, кон која треба да се фокусирате. Исто така, ви одредува процентуално колкав приоритет треба да има секој сегмент во однос на друг.

Вие само ќе треба да ја „нахраните“ машината со некои податоци, па таа подоцна врз основа на поставените параметри и дадени податоци ќе ви каже која е најоптималната група кон која треба да ја фокусирате вашата маркетинг кампања.

Ова е само едно од можностите и решенијата кои ги нуди софтверот MyBestRank, кој се надевам во 2017-та ќе го види светлото на денот т.е. ќе биде лансиран на пазарот.

Save

You May Also Like

Previous Post
2016 – година на креативен маркетинг
Next Post
Важноста и вистинската цена на еден веб сајт