Респонзивниот веб дизајн, твојот бизнис и Google

Да, во последно време се повеќе слушате за респонзивен веб дизајн. Респонзивноста е се поголема потреба. Секојдневната еволуција и развојот на нови мобилни уреди им отежнува на бизнисите да останат во трката за онлајн внимание, и голем број на веб-сајтови и бизниси се соочија со последици заради тој развој.

Поминаа деновите кога веб-сајт се креираше само за десктоп и лаптоп. Денес, постојат огромен број на уреди преку кои лесно можете да пристапите на интернет и да го најдете она што ве интересира, и токму тоа е она што ја создаде потребата за респонзивен веб-сајт.

Респонзивниот веб дизајн прави вашиот веб-сајт да биде доволно флексибилен и да изгледа убаво на било кој уред. Без разлика дали си на лаптоп, смартфон, или таблет ќе го имаш истото корисничко искуство.

Дали веб-сајтот на Вашиот бизнис треба да биде респонзивен?

Бројот на корисници на смартфони расте. Имаме повеќе интернет корисници на мобилен отколку на десктоп компјутер. Според најновите истражувања, 60% од посетите на веб-сајтовите доаѓаат од мобилен, и таа бројка едноставно е преголема за да се игнорира.

Всушност, луѓето стануваат се повеќе зависни од интернетот, а тоа значи дека сакаат постојано да бидат активни онлајн. Таа зависност и желба за активност ги води кон тоа да користат смартфони и таблети повеќе отколку што користат лаптопи и десктоп компјутери.

Затоа уште поважно за секој бизнис е да биде присутен со респонзивен веб-сајт и да биде достапен на секаков уред за потенцијалните клиенти. Вашиот веб-сајт треба да ги обезбеди сите потребни информации за клиентите дури и кога тие се во движење.

Дали респонзивноста влијае на резултатите од пребарувањето на Google?

Од неодамна, Google започна да ја промовира респонзивноста како еден од најважните фактори за индексирање на веб-сајтовите во резултатите од пребарувањата. Google постави ново правило кое вели дека секој веб-сајт треба да обезбеди оптимално веб искуство и за корисниците на таблет и мобилен. Без разлика дали се во потрага по содржина, слики или некоја друга релевантна информација, на корисниците треба да им биде удобно кога го користат веб-сајтот.

Google промени некои од условите според кои одредува како ќе биде рангиран твојот веб-сајт во пребарувачот па сега се зема во предвид и:

 

  • приспособливоста на фонтот на помали екрани;
  • лесно и удобно користење на екранот на допир заедно со копчињата на веб-сајтот, како и растојанието помеѓу копчињата;
  • брзото вчитување и пренасочувањето на веб-сајтот на смартфон и таблет;

 

Овие неодамнешни ажурирања на условите од Google кажуваат дека респонзивниот веб дизајн претставува сигурен пат до повисоко рангирање во пребарувачот, како и до поголем сообраќај кон вашиот веб-сајт затоа што интерфејсот се прилагодува на различни видови на екран.

Светот денес се движи преку смартфоните и таблетите, не заостанувајте во трката немајќи респонзивен веб-сајт.

You May Also Like

Previous Post
Што е In, а што е Out во маркетингот оваа година?
Next Post
Неколку лекции за маркетинг од најдобриот продавач во Њујорк