Зошто е важно ефикасното спонзорирање на фејсбук?

Ефикасноста е клучна во маркетингот. Ресурсите се ограничени, затоа мора ефективно и ефикасно да ги користиме. Тоа значи дека со најмалку потрошени средства да ги постигнеме најдобрите можни резултати. Оваа статија ќе биде кратка со 3 студии на случај од примери на кампањи кои сме ги постигнале за наши клиенти.

Факт е дека органскиот опсег (reach) на фејсбук е компаративно многу помал отколку пред неколку години. Според истражување направено од страна на компанијата Agora Pulse, органскиот опсег на различни индустрии варира од 7,5% до 29% во просек.

Можеме да правиме анализа на тоа зошто одредени индустрии имаат подобар органски опсег, а други помал, но факт е дека органскиот опсег е многу мал за да се постигнат видливи резултати кои ќе ја кренат свесноста за брендот на повисоко ниво, но и во крајна инстанца ќе ја зголемат продажбата.

Bottom line на ова е дека мора да спонзорираме. Само со спонзорирање на фејсбук може да допреме до поголема публика која потенцијално може да стане ваша клиентела или ваши купувачи.

Во оваа кратка статија нема да ги набројувам или опишувам начините на кои може да спонзорирате, да таргетирате, или пак за видовите на кампањи, ниту пак за Business Ads Manager итн.

Сакам само да ви презентирам 3 студии на случај каде сме постигнале солидна ефикасност на кампањите за наши клиенти. Што значи тоа солидна ефикасност е релативно и прашање на дебата помеѓу маркетерите, но сепак кампања која има cost per engagement  од 0.01 €, генерално се смета за ефикасна кампања.

Зошто е важна ефикасноста?

Но, пред да ви ги презентирам студиите на случај, би сакал да одговориме на прашањето од насловот на оваа статија т.е. зошто е важна ефикасноста?

Прво, трошите пари на клиенти, кои од вас очекуваат резултати. Одговорноста пред нас е да испорачаме најдобри резултати за секое потрошено евро на секоја спонзорирана објава. Значи со зголемување на ефикасноста работиме одговорно со парите на клиентите наменети за спонзорирање.

Второ, доколку имате фиксен буџет за спонзорирање, подобрувањето на ефикасноста на кампањите ви овозможува за истата сума да допрете до многу поголема заинтересирана (engaged) публика, која е потенцијален купувач.

Понатаму, како маркетери кои често се занимаваме и со бројки и статистика, параметрите како CPE (Cost per engagement) од 0.01 €, се и сатисфакција дека добро сме ја завршиле нашата задача.

Неколку студии на случај од наши клиенти

Во првиот случај ви презентираме неколку параметри од резултати при спонзорирани кампањи за компанија за производство на мебел. Објавите се спонзорирани за само неколку евра и постигнале cost per engagement од 0.01 €. Друг важен параметар е relevance score кој во нашиот случај варира од 8-10, што означува колку била релевантна објавата за таргет публиката.

Еве што вели фејсбук за тоа: „Relevance score is calculated based on the positive and negative feedback we expect an ad to receive from its target audience. The more positive interactions we expect an ad to receive, the higher the ad’s relevance score will be.“ (Извор)

Во нашиот случај сме постигнале relevance score од 8, 9 и 10 соодветно, и cost per engagement од 0.01 €. Опсегот може да се зголеми или со зголемување на буџетот на кампањата или со промена на таргет публиката.

Во вториот пример се работи за компанија за големопродажба на алати, каде реално е потешко да ја анимираш публиката. Прво, при тестирањето ставивме во таргет публиката и жени, но добивме многу мал relevance score (помеѓу 4 и 6). Потоа ставивме само мажи, ја стеснавме возрасната група и секако ги одредивме соодветните интереси и ги постигнавме следниве резултати.

Разликата е евидентна. Дури и опсегот се зголеми значително кога ја стеснавме таргет публиката. Многумина мислат дека со што поголема таргет публика ќе имаат подобри резултати. Вистината е друга. Поконкретна и потесна таргет публика дава многу подобри резултати.

И последниот пример за денес е кафиќ/ресторан, каде ефикасноста најмногу варираше, не толку како резултат од промената на таргет публиката, колку како резултат на креативата која ја објавувавме, како и текстот на објавата.

Како ја постигнавме ефикасноста?

Тестиравме, тестиравме и тестиравме. Тоа е едноставно одговорот. Комбинаториката е многу корисна математичка дисциплина кога работите тестирање на спонзорирани фејсбук кампањи.

Имате неколку можности да ги комбинирате различните елементи на кампањата за да ги подобрите резултатите. Прво може да ги комбинирате текстовите на кампањата. Текстовите се важни. Тие даваат вредност на самата објава и го опишуваат производот и услугата. Текстовите треба да отсликуваат не само фактички опис на производот и услугата, туку и да поттикнуваат емотивна реакција кај потенцијалниот клиент. За ова повеќе во следната статија.

Понатаму, самите креативи (фотографии или графички дизајни) или видео содржини, се клучни за повисок engagement и го создаваат првиот впечаток на корисникот. Затоа е многу важно креирањето на уникатни визуелни содржини.

И трето, комбинирајте неколку таргет публики, каде може да пробате со варијации во возраста, интересите и полот. Никогаш, ама баш никогаш, секој не е ваш потенцијален клиент. Стеснете ја таргет публиката, и пронајдете ги луѓето кои навистина имаат потенцијал да станат ваши купувачи и клиенти.

Сакате да работиме дигитален маркетинг за вашата компанија и да ги постигнеме овие резултати? Повеќе инфо на следниов линк.

You May Also Like

Previous Post
(ВИДЕО) Интервју со основачите на Creative Hub – Forbes 30 Under 30
Next Post
Што работи една дигитална маркетинг агенција?