Што е In, а што е Out во маркетингот оваа година?

Социјалната мрежа LinkedIn спроведе истражување врз примерок од 900 маркетинг експерти ширум светот кои гласаа за тоа што е In, а што е Out во маркетингот оваа 2016-та година? Резултатот е следен:

1. In: Персонализација; Out: Масовно рекламирање

Масовното рекламирање, како испраќање пораки и фејсбук реклами на широка публика е залудно трошење на ресурси. Она што беше тренд пред неколку децении, не само што не е тренд денеска, туку е и фрлање пари во вода. Публиката стана толку специфична во однос на интересите и вкусовите, така да мора да ја најдете публиката која има најголема веројатност да го купи вашиот производ. Вашиот пристап мора да биде персонализиран и прилагоден за секој клиент. Оние шаблонски емејлови, веќе никој не ги чита.

2. In: Клиентот во центарот на вниманието; Out: Продуктот во центарот на вниманието

Купувачите ги интересира како продуктот ќе го направи нивниот живот и работа полесни. Наместо да пишувате и зборувате за тоа колку е неверојатен и прекрасен вашиот продукт/услуга фокусирајте се на тоа како вашиот продукт/услуга ќе го подобри животот и работата на клиентот. Покажете им како со вашиот продукт/услуга ќе имаат подобри решенија од продуктите и услугите на конкуренцијата.

3. In: Кажување приказни; Out: Шокантни наслови

Ако ставате содржини со наслови само за да привлечете кликови и посетители на страната, тогаш имате целосно погрешна стратегија. Изминативе години корисниците на Интернет станаа имуни на такви шокантни и скандалозни наслови. Дури и сеуште да се отвараат (што е секако многу веројатно) шансите после тоа да купат нешто од вас се многу мали. Исто така, заборавете ги оние спамерски и трепкачки реклами кои се појавуваат на сајтовите. Немојте да ставате такви на вашиот сајт. Тие само ќе направат потенцијалните купувачи да го избегнуваат вашиот сајт мислејќи дека се вируси.

4. In: Таргетирано рекламирање; Out: Пристап на сачмарка

Маркетинг експертите таргетираното рекламирање го споредуваат како пукање со снајпер, а нетаргетираното како пукање со сачмарка. Со сачмарката може да опфатите повеќе публика, но ниту еден клиент доволно добро за да купи од вас. Снајперот го наоѓа вистинскиот клиент и го погодува директно во срцето. Тој мора да купи од вас.

5. In: Автоматска оптимизација на кампањи; Out: Мануелна (рачна) оптимизација на кампањи

Денес имате такви софистицирани софтвери и програми што некои процеси во маркетингот, како испраќање емејлови и други нотификации, ги прават автоматски. Тоа, како прво, ќе ви заштеди време и како второ ќе го направи целиот процес поефикасен. И на крај, ако вие заборавите да потсетите некого за некој настан или промоција, алгоритамот на вашиот веб сајт или фејсбук страна, нема да заборави.

You May Also Like

Previous Post
Важноста и вистинската цена на еден веб сајт
Next Post
Респонзивниот веб дизајн, твојот бизнис и Google