digitalna marketing agencija

Што работи една дигитална маркетинг агенција?

Иако, многумина се повеќе се запознаени со работата и улогата на дигиталните маркетинг агенции, сепак постои простор за подобро објаснување, особено за оние кои се од приватниот сектор, но сепак немаат поголемо техничко познавање од областа.

Ние дефинитивно, а веруваме и вие, многу повеќе преферираме конкретни примери, отколку дефиниции, па целиот концепт ќе го објасниме преку еден конкретен имагинарен пример.

digitalna marketing agencija

Филип е директор во компанија X. Компанијата наскоро решава да лансира нов производ на пазарот. По состанокот со останатите раководни лица во компанијата, Филип решава дека е најдобро да ангажираат дигитална маркетинг агенција, која ќе го промовира нивниот нов производ.

Така, Филип, по кратко истражување ја контактира агенцијата Тивиус и закажува состанок. На состанокот, претставникот од агенцијата, го презентира начинот на работа и им објаснува на луѓето од компанијата X, кои се чекорите за онлајн промоција на нивниот нов производ.

1. Бренд стратегија

Првиот чекор е создавање на комплетна бренд стратегија за новиот производ кој треба да се лансира на пазарот. Тоа е задача на маркетерот/маркетинг консултантот во агенцијата, кој по одредено истражување, и во комуникација со клиентот, во стратегијата се обидува да одговори на следниве прашања:

– Која е вредноста на производот т.е кој проблем го решава?

– Која е таргет публиката?

– Кој ќе биде слоганот на производот?

Истражувањето на конкуренцијата и на останатите играчи на пазарот, како и постојаната комуникација со клиентот се клучни во овој дел. Овој чекор е основата на целокупната понатамошна активност. На крајот се создава краток документ т.е. „дигитален маркетинг план“, кој е водич на агенцијата во следните чекори при промоцијата на производот.

Besplatna brosura za marketing plan (1)

2. Бренд присуство

Стратегијата е готова. Следен чекор е креирање бренд присуство на новиот производ. Така, агенцијата одржува состанок и ги договара следните активности.

Изработка на графички дизајни

Дизајнерот во агенцијата е задолжен да креира лого, графички дизајни, флаери, можеби брошура (во зависност од претходно направената стратегија).

digitalna marketing agencija

Изработка на фотографии

Фотографот во агенцијата ги подготвува фотографиите поврзани со новиот производ. Во зависност од условите, фотографиите се прават или во студио (доколку има можност), или на отворено.

Пример 1: Фотографии за нов производ

Пример 2: Фотографии за нов производ

Фотографиите се конзистентни со брендингот и со целокупната маркетинг стратегија направена во првиот чекор, и имаат за цел да го презентираат новиот производ.

digitalna marketing agencija

Создавање видеа

По презентацијата од страна на Тивиус, Филип и целиот тим на компанијата X, се запознаени дека најефикасна алатка за промоција на производот се видеата. Видеата најдобро запознаваат, најдобро објаснуваат и најдобро убедуваат.

Затоа, луѓето од одделот за видео продукција во агенцијата, создаваат сценарио за 6 видеа, кои би се прикажувале во првичниот период од 3 месеци на промоција на новиот производ.

Изработка на веб страна

Уште една личност е незаменлива во агенцијата, а тоа е веб дизајнерот кој ја создава веб страната, како уште една многу важна алатка во целокупното бренд присуство на новиот производ на клиентот.

Веб страната мора исто така да биде во линија на целокупниот брендинг поставен претходно со графичките дизајни, фотографиите и видеата.

digitalna marketing agencija web dizajn

3. Кампања на дигиталните медиуми

Третиот чекор кој го прави агенцијата е кампања за промоција на производот на дигиталните медиуми. Тука клучна улога имаат две лица од агенцијата: маркетерот и пишувачот на содржини (copywriter-от).

Избор на дигитални медиуми

Најпрво се одбираат каналите каде ќе се промовираат креативите, фотографиите, видеата, веб страната… Тука постои широка палета на опции: Социјални медуми (фејсбук, инстаграм, линкедин, твитер, пинтерест, youtube); Банери на веб портали; Google ads (реклами на google); SEO (Search Engine Optimization); емаил маркетинг итн.

За тои канали ќе се користат, зависи од повеќе фактори, но најмногу од таргет публиката. На пример доколку е помлада, приоритет би добил инстаграм, доколку публиката се други компании (B2B), тогаш линкедин и емаил маркетинг би биле најдобра опција итн. Тоа се дефинира уште во првичниот маркетинг план.

Генерално, ретко која дигитална маркетинг агенција има експертиза во сите канали, па можна е или заедничка соработка на 2 агенции, или фокусирање само на каналите во кои е специјализирана маркетинг агенцијата.

Создавање примамливи текстови

Следен на сцена стапува пишувачот на содржина (copywriter-от). Негова задача е да создаде примамливи и привлечни текстуални содржини кои подоцна се објавуваат на одбраните дигитални канали.

Copywriter-от ги создава и текстовите за веб страната и лендинг страната (која исто така е алатка во дигиталниот маркетинг).

digitalna marketing agencija

Спонзорирање и таргетирање (платени дигитални маркетинг кампањи)

Знаејќи дека без соодветно платено спонзорирање на одбраните дигитални медиуми, кампањата за промоција на производот, не би го имала посакуваниот ефект, агенцијата креира спонзорирани маркетинг кампањи, со соодветно таргетирање на целната публика.

Буџетот за спонзорирање е дополнително договорен со компанијата X. Така, маркетерот преку Facebook Ads Manager прво започнува неколку тест кампањи за откривање на оптималната комбинација на креатива/фотографија/видео, на оптималниот текст на објавата, како и оптималната таргет публика.

Истото може да се направи и преку Google Ads, каде исто така има голема можност за опции т.е. типови на кампањи и тоа: Search Network with Display Select; Search Network only; Display Network only; Shopping; Video; Apps.

4. Маркетинг евалуација

Во ред, помина еден месец од кампањата. Тимот на агенцијата се состанува и прави евалуација на постигнатите резултати од кампањата за промоција на производот.

На клиентот му се доставува извештај за постигнатите резултати. Се прави оптимизација на деловите каде има послаб резултат, а се истакнуваат уште повеќе деловите кои постигнале подобри резултати.

На пример, бројките покажуваат дека видеата имале многу подобар ефект од дизајните, па следниот месец фокус се става на видео маркетингот.

digitalna marketing agencija

На крајот на првиот месец и самиот клиент, во нашиот случај компанијата X, си прави анализа на резултатите од маркетинг кампањата на агенцијата.

Нивниот одговор на прашањето „Дали има зголемување на продажбата на новиот производ?“, ќе ја детерминира и понатамошната соработка со агенцијата. Сепак, имајќи во предвид дека во сферата на маркетингот, за опипливи резултати се потребни барем три месеци, одлуката за понатамошна соработка се носи после првите 3 месеци од почетокот на соработката.

Заклучок

Овој пример беше само еден начин како да се објаснат сите услуги на една дигитална маркетинг агенција. Во реалноста, многу често, еден клиент има потреба од само дел од услугите на агенцијата.

Сепак, не редок е случајот кога компании целосно го доверуваат делот за дигитален маркетинг на специјализирани маркетинг агенции, со кои потпишуваат договори и на подолг период.

You May Also Like

Previous Post
Зошто е важно ефикасното спонзорирање на фејсбук?
Next Post
Како со дигитален маркетинг до поуспешен бизнис?