Што значи SEO?

Дали знаете колку постови се објавуваат на Интернет дневно?

Некоја идеја?

Преку 2 милиони!

Тоа значи дека 46-мина објавиле пост, додека вие ги читавте горните 3 реченици.

Живееме во свет каде 90% од искуството на Интернет започнува со пребарување на Google или на останатите пребарувачи. За многу бизниси ова е одлучувачки фактор дали ќе успеат или ќе бидат згазени од конкуренцијата.

Но, што значи SEO?

SEO е маркетинг техника која се стреми да ја зголеми видливоста на еден сајт на пребарувачите како Google, Bing итн. SEO не значи да платите со цел да се појавувате најгоре на пребарувачите како Google, туку органски да создадете реноме на вашиот сајт.

Денес, од сите пребарувачи, Google има убедливо најголем удел на пазарот. Следни по него се Bing, па Yahoo.

Во основа, SEO е комбинација од креативни и технички работи кои треба да ги направите со вашиот веб сајт, со цел да има поголема видливост на пребарувачите, или кажано лаички, да го дава погоре вашиот сајт на Google, Bing или Yahoo, кога некој пребарува по клучен збор.

Клучните зборови се суштината на SEO. На пример, имате мал хотел и вашата цел е да привлечете повеќе гости, пред се странци, кои доаѓаат во вашиот град.

Кога некој потенцијален гостин пребарува „Хотел во Скопје“, вашата цел е да вашиот хотел го даде што понапред на Google, по можност уште на првата страна. Овде можни се и други варијации по клучни зборови: „Најдобар хотел во Скопје“, „Хотел со најдобар поглед во Скопје“, „Хотел со најдобра локација во Скопје“, „Најевтин хотел во Скопје“.

Се тоа се клучни зборови кои потенцијалните посетители на Скопје ги пишуваат на Google, пред да дојдат во градот и пред да резервираат соба.

Не може да работите на SEO, без сопствен веб сајт

Претпоставка да го развивате SEO, е да имате сопствен веб сајт. Доколку немате, многу помалку е веројатно пребарувачот најнапред да ја исфрли вашата фејсбук фан страна.

Денес SEO е цела наука. Постојат компании во светот кои се занимаваат само со ова. Овде ќе наведеме само накратко, неколку основни работи, не навлегувајќи премногу во детали.

SEO Tivius

Две групи на фактори кои влијаат врз SEO

Генерално постојат две основни групи на фактори кои влијаат врз SEO: фактори поврзани со веб сајтот т.е. фактори врз кои може директно да влијаете, и екстерни фактори, надвор од вашиот веб сајт, врз кои директно не можете да влијаете.

Во првата група спаѓаат: содржината (квалитетот, клучни зборови, свежина, јасност, поседување аудио-визуелни содржини како фотографии, видеа, инфографици итн), потоа архитектурата на самиот сајт (брзина, респонзивност на мобилни уреди, дали сајтот има инсталирано ssl и сл.), и структурата на кодот (мета опис на текстот, наслов итн.). Доколку користите WordPress, одличен плагин за SEO е Yoast SEO од Joost De Valk.

Градете репутација на вашиот сајт со квалитетни екстерни линкови

Во втората група на фактори кои влијаат врз SEO спаѓаат 4 компоненти: Прва е довербата (поврзаност преку линкови со други реномирани сајтови, читаноста на постовите на сајтот, времето кое го поминуваат посетителите на сајтот, историјата, и сл.). Втори се линковите на вашиот сајт (нивниот квалитет т.е. да не носат вируси и сомнителни страни, дали линковите содржат клучни зборови, број на линкови до страни релевантни за вашата област итн.).

Третата компонента се личните фактори (локација – на пример ако барате продавници за мебел, пребарувачот покрај останатите фактори, најгоре ќе ги исфрли тие продавници кои се најблизу до местото каде живеете).

И четвртата компонентаа на индиректни фактори се споделувањата на социјалните мрежи (колку често се споделувани страните и постовите од вашиот веб сајт. Многумина со цел да го подобрат SEO-то на својот веб сајт, креираат лажни профили на социјалните мрежи, и преку нив споделуваат линкови, но Google ги препознава тие профили и ја „казнува“ страната со спуштање на нејзиниот ранг.

You May Also Like

Previous Post
(ИНФОГРАФИК) Како да комбинирате кампања на социјалните мрежи со емаил маркетинг кампања
Next Post
Моќта на Визуелната содржина