Дали сакате да ја дознаете тајната формула за успех на вашиот бизнис во 2017 година? Едноставно… Направете видео! Направете не едно, туку 2, 3, 4 па и 10 видеа. Видеото ќе биде светиот грал на маркетингот во 2017 година.
Работите во дигиталниот маркетинг се движат со таква зашеметувачка брзина, што едноставно на месечно, па дури и на неделно ниво, се случуваат такви промени, што од колосек го изместуваат целиот концепт на рекламирање и маркетинг. Едно е јасно: ПОТРЕБЕН ВИ Е МАРКЕТИНГ ЗА УСПЕХ НА ВАШИОТ БИЗНИС ИЛИ НА ВАШАТА КАМПАЊА!
А, која е најмоќната алатка на маркетингот, особено на оној дигиталниот? ВИДЕОТО! Поставете си цел уште сега, да во 2017 година направите барем 5 креативни и квалитетни видеа. Сега ќе ви кажам и зошто.
Психологијата на убедувањето
Без разлика дали сте мала, средна или голема компанија, невладина организација, фондација или политичка партија, кажано најгрубо и најпластично, вашата е цел е убедување на одредена група на луѓе со цел да добиете клиенти, гласачи, подржувачи, истомисленици.
Гледано психолошки, убедувањето е комплексен процес кој се состои од неколку чекори. Не обидувајќи се да навлегувам подлабоко во теоријата на убедувањето, ќе наведам само неколку поенти:
Луѓето полесно прифаќаат работи кои можат визуелно да ги погледнат и восприемат;
Луѓето сакаат визуелни приказни во кои има други луѓе, по кои тие може да се поистоветуваат;
Повеќето од луѓето многу често одлучуваат по линија на помал отпор и го прифаќаат она што визуелно им е сервирано, наместо да читаат долги текстови и теории;
Луѓето сакаат забава.
Од четирите поенти наведени погоре, произлегува прашањето: Кој е најдобриот начин да ги убедите луѓето да купат нешто од вас, да ве подржат во некоја иницијатива или да гласаат за вас?
Одговорот не е комплициран. НАПРАВЕТЕ ВИДЕО!
Создадете енергична или емотивна приказна
Сепак не секое видео убедува. Некои видеа убедуваат повеќе од други. Видете ги рекламите на Кока Кола за божиќните празници. Едноставно ве привлекуваат да порачате шише Кока Кола, иако знаете колку шеќер има во него. Сепак, сакате да бидете дел од божиќната магија.
Значи, најважна е приказната, како и енергијата која ја создавате со видеото. Видеото не смее да биде сувопарно објаснување на факти. Видеото кое привлекува и убедува има приказна, има енергија. Вие едноставно сакате да бидете дел од таа енергија и магија.
Долго време YouTube беше доминтен канал за видеа. Иако сеуште си има своја тежина, на сцена стапува Facebook. Дневно на социјалната мрежа фејсбук, се гледаат повеќе од 100 милиони часа видеа.
Видеата на фејсбук се шират многу побрзо и даваат можност за поинтересна интеракција помеѓу членовите на оваа социјална мрежа. Се поактуелни во следната година ќе бидат LIVE видеата.
Претходно подетално пишувавме зошто е потребно видео за вашиот бизнис. Но не само за бизнисот. Видеата догодина ќе бидат клучниот фактор за тоа дали една кампања ќе биде успешна или не. Видеата ќе влијаат врз резултатите од изборите. Видеата ќе бидат тегот кој ќе го детерминира успехот или неуспехот на еден бизнис.
[ssp id=”542709494″ embed=”true” visible=”true” width=”100%”]