јадрото на маркетингот преку содржина

Видео – Јадрото на Маркетингот Преку Содржина

Сите истражувања ни укажуваат на фактот дека видеото е јадрото на маркетингот преку содржина. Во иднина, видеото ќе опфаќа дури 80% од целокупниот искористен интернет сообраќај. Тоа е неверојатно, но што е она што го прави видеото толку популарно како содржина?

1. Видеото достигнува до огромен број на луѓе

Онлајн видеата станаа примарниот формат преку кој интернет корисниците се информираат. Затоа, ако размислувате за маркетинг, клучно е да го прифатите фактот дека ви е потребно видео за да креирате интеракција кај корисниците.

Никогаш претходно човекот немал таква направа во рацете како смартфонот на кој брендовите лесно може да допрат до него и на кој што може да изгледа безброј видеа дневно.

Кога сме кај брендовите, да го земеме за пример BlendTec. Тие се веројатно најнапредниот произведувач на блендери во светот. Светот веројатно и не ни знаеше за нив се додека во 2006 година не го прикачија своето прво видео од серијалот Will it Blend?” во кој CEO-то Tom Dickson вешто го бленда она што фановите на брендот предлагаат да се бленда. Веднаш после првите неколку видеа, станаа еден од најпрепознатливите брендови во светот.

Една од нивните поуспешни епизоди во која блендаат iPad достигна над 18 милиони прегледи на YouTube.

2. Видеото може да стигне до вистинските луѓе

Интернетот и технологијата која ја имаме ни ја даде можноста да креираме видео кампања која може да достигне до огромна бројка на луѓе онлајн. Доколку имате бизнис кој оперира на локално ниво, можеби и не ви е потребно вирално видео. Од 1,000 до 10,000 прегледи би биле сосема доволни овде, не 10 милиони.

Размислете. На пример можеби сте фризер кој е препознатлив по откачените фризури кои ги креира за своите клиенти. Веќе работите успешно и сакате да го проширите бизнисот со тоа што ќе закупите поголем простор и ќе ангажирате повеќе луѓе.

Ако ја оптимизирате вашата видео кампања на локално ниво, веројатно ќе ја добиете потребната бројка на кандидати за работните места. Доколку ја таргетирате цела држава, веројатно 10,000 кандидати ќе аплицираат за работното место. Што и не е многу кул.

3. Видеото создава интеракција

Како бизнис, реалноста е дека денес се справувате со луѓе кои се преплавени од информации онлајн. Затоа, трудете се да им дадете содржина која лесно можат да ја „сварат“.

А видеото се „вари“ доста добро деновиве. Според најновите истражувања, 1 секунда од видео е вредна колку 1.8 милиони зборови. Сето тоа е базирано на старата добра: „Сликата е вредна илјада зборови.“

Затоа не е изненадување што 64% од корисниците онлајн се подготвени да купат производ откако ќе го видат на видео.

До сега веројатно се прашувате – А колку ќе ме чини едно видео?

Секој видео проект е различен но секогаш во игра се 3 три главни фактори кои ја одредуваат цената на едно видео:

Дизајн и формат

Сите знаеме што е добар графички дизајн кога ќе го забележиме. Можеби не сите, но тоа е друга тема на муабет. Постои лош графички дизајн, а постои и прекрасен графички дизајн. Истото важи и за видеото.

Убавината е навистина субјективна работа. Но, исто како што сте подготвени да платите за стилски мебел и дизајн на ентериер, така треба да бидете подготвени да платите и за модерно и убаво дизајнирано видео. Вреди секој денар. Прави вашиот бренд да изгледа професионално, влева доверба кај корисниците и ги конвертира истите во клиенти.

Тематика

Тематиката е она што ја дефинира пораката која сакате да ја пренесете со видеото и должината на видеото. А пак тоа дефинира колку материјал, време и ресурси ќе му бидат потребни на креаторот за успешно да го изработи видеото.

Кратките видеа се добри за вашиот буџет, а се добри и за конверзијата. Многу поверојатно е дека луѓето ќе го изгледаат краткото видео во неговата целосна должина. А на крајот од видеото ќе се наоѓа вашиот повик за акција.

Сумирањето на комплексен производ или услуга во 1 минута бара вештини. Експертиза. Доколку не сте искусен во пишување содржина за вакви намени, нема да можете да го изведете ова сами. Потребен е коктел од искуство, знаење и талент.

Публика

Буџетот за изработка на видео е под огромно влијание од таргет публиката. Што е она што оваа публика треба да го види? Кои се вашите очекувања од оваа публика? Ако таргетот ви се менаџери од мултимилионски корпорации, веројатно сакате да се прикажете како способни професионалци на кои тие можат да се ослонат.

Изборот за нискобуџетно (направи сам) видео има смисла кога немате средства да платите професионалец да ви го изработи и кога знаете дека на вашата публика и не и е премногу важно како изгледа видеото.

Најуспешниот потфат на нискобуџетно видео кој јас го знам е она направено од Gary Vaynerchuck во 2006 година кога тој го лансираше Wine Library TV серијалот. Тогаш видеото блогот беше доста иновативна работа која штотуку го земаше својот замав со појавувањето на YouTube.

 

Дали ќе се одлучите за нискобуџетно или за квалитетно изработено видео целосно зависи од вас. Би сакал да ви дадам уште два совети кои ќе ви помогнат во одлуката:

Видеата нека бидат кратки

Должината на видеото има огромно влијание врз вашиот буџет. Колку подолго видео, толку повеќе средства треба да одвоите. Запомнете, живееме во ерата на информации со кои сме преплавувани секојдневно. Можеме цел ден да зборуваме за должината на едно видео, но сепак, препорачливо е да биде пократко. Најмногу до 1 минута и 30 секунди за фејсбук и 15-30 секунди за телевизија.

Бидете организирани

Кога веќе сте договориле соработка за снимање на видео и знаете дека ќе се снима на одредена локација (вашата фирма, закупен простор или сл.), организирајте го просторот. Известете го целиот тим дека ќе спремате видео кампања за вашиот бренд.

Луѓето кои се занимаваат со видео продукција со себе носат опрема и додатоци кои им се потребни за да креираат. Некогаш е потребно и да се видоизмени локацијата на која ќе се снима видеото за истата да може да се вклопи во претходно одредениот концепт.

ПОГЛЕДНИ ЦЕНОВНИК ЗА ВИДЕО МАРКЕТИНГ!

[ssp id=”542709494″ embed=”true” visible=”true” width=”100%”]

Твитер: https://twitter.com/TolovskiMartin

Фејсбук: https://www.facebook.com/tolovski.martin

Линкедин: https://www.linkedin.com/in/martintolovski/

You May Also Like

Previous Post
6 Елементи На Успешна Веб Страница За Мал Бизнис
Next Post
Што продава повеќе: фактот или приказната?