Zara – технолошкиот гигант на светската мода (втор дел)

На кој начин Zara го постигнува овој зачудувачки успех? Одговорот е во нејзиниот систем за дистрибуција, но и маркетинг. Во 1974 година, Амансио Ортега ја отвори првата продавница Zara во далечниот северо-западен град Ла Коруња во Шпанија, денеска дом на управата на Zara. Дваесетгодишното искуство во текстилната индустрија го поттикна да дизајнира систем во кој може да внимава на секој аспект од синџирот за снабдување, од дизајнирање и производство, до дистрибуција и продажба.

Тој знаеше дека во текстилната индустрија, најголемото зголемување на цената доаѓаше од продажбите и на големо и на мало. Беше решен да ги контролира овие дејности. Оригиналната филозофија на Ортега го формира срцето на уникатниот, рафалниот снабдувачки синџир на Zara денеска.

Но, високотехнолошкиот информатички систем на Zara ја однесе вертикалната интеграција на досега невидено ниво.

„Нашиот информатички систем е апсолутно авангарден. Тој ги поврзува нашите продавници со дизајнерите и нашиот систем за дистрибуција“ – вели директорот Пабло Исла.

Вертикалната тајна на успехот на Zara

Вертикално интегрираниот систем на Zara не дозволува на стартната позиција на концептот на производот да не успее. Во управата на Zara, креативен тим составен од 300 професионалци го врши процесот на дизајн, но дејствува според информациите добиени од продавниците.

Ова оди подалеку од типичната информација за продаден производ. Менаџерите на продавниците имаат улога и задача да регистрираат трендови. Секој ден ја информираат управата за „жешки парчиња“, што им овозможува на популарните производи да бидат поттикнати, а пак оние што се продаваат бавно да се исчистат.

Ако на пример потрошувачите бараат тркалезни јаки на блузите, повеќе од оние во форма на буквата V, тие производи ќе се најдат во продавницата за седум до десет дена. Овој процес на традиционалните фирми би им зел еден месец.

Менаџерите се консултираат, секоја вечер, и со своите дигитални помагала, за да проверат кои нови дизајни се на располагање и прават нарачки според нивното мислење што најдобро би се продавало. На тој начин, менаџерите на продавниците помагаат при обликувањето на дизајнот со пренесување на информации во реално време, основани на набљудуваниот вкус на потрошувачот. Ортега овој начин го нарекува демократизација во модата.

zara1

Како Zara ги избира соработниците и дистрибутерите

Синџирот на Zara е уникатен кога се работи и за избирање на соработници. Тековната конвенционална мудрост им налага на производителите од сите индустрии да најдат глобални надворешни соработници за најевтино ракување со нивната стока. На тој начин повеќето конкуренти на Zara склучуваат договир за производство со земјите со ниски примања, претежно од Азија.

Но, Zara прави 40% од својот текстил и произведува половина од своите облеки, наместо да смета на несигурните и бавни снабдувачи. Дури и деловите кои се под закуп се локални со намера апсолутно да се заштеди на времето. Речиси целата облека на Zara за нејзините продавници низ целиот свет е произведена во северозападната провинција во Шпанија.

Како што ги завршува дизајните, Zara го сече текстилот во своите работилници и потоа ги праќа дизајните на неколку стотини локални соработници за шиење, намалувајќи го времето за дистрибуција за суров материјал. Кога производите ќе се вратат во просториите на Zara, се пеглаат од група работници кои се тренирани за посебни делови, како јаки, рамења и др. Готовата облека се пакува во најлон и се транспортира по долгите подвижни ленти до група на гигантски складишта.

Складиштата на Zara се визија на модерна автоматизација, брза и ефикасна како која било фабрика за електронски направи. Рабитниците се многу ретка глетка во овие празни згради. Машини, скроени според опремата која се користи од ноќните услуги за ракување со пакети, процесираат околу 80.000 производи на час.

Компјутеризираниот систем сортира, пакува, означува и ја става облеката на свое место за сите 1000+ продавници на Zara. За снабдување на продавниците во близина од 24 часа компанијата користи камиони, но стоката за најдалечните продавници ја праќа со авион.

Домашното производство се исплати

Истата филозофија која донесе одлични резултати за Zara ја поттикна мајчинската компанија Intitex да воведе разновидност. Нејзините други синџири сега вклучуваат продавници за здолништа Oysho, продавници ориентирани за тинејџери Bershka и Stradivaruis, за деца Kiddy’s Class, продавници и мода за возрасни Massimo Dutti, како и неформалниот спортски синџир Pull&Bear.

Не толку одамна Inditex го отвори првиот синџир кој не е за мода, Zara Home. Секој бренд работи на ист стил на вертикална интеграција усовршен во Zara.

m_dutti-2475

Правејќи ја брзината главна цел на своите снабдувачки синџири, компанијата Inditex стана една од најпрофитабилните светски компании. Во 2005 година продажбата во споредба со претходната година се зголеми на изненадувачки 21%, или на 8,15 милијарди долари (колку за споредба порастот на светската малопродажба во просек се зголемува за една бројка). Тоа го постави Inditex пред H&M во категоријата на брза мода за прв пат.

Поголемиот дел од овој успех е постигнат со Zara, сега рангирана на 73-то место на листата на InterBrand’s на врвните 100 највредни светски брендови.

Извор: Принципи на маркетинг – Филип Котлер и Гери Армстронг

You May Also Like

Previous Post
10 типични карактеристики на претприемачите
Next Post
5 најголеми грешки кои ги правите при маркетингот на социјалните мрежи
Menu