Zara – технолошкиот гигант на светската мода (прв дел)

Амансио Ортега, сопственикот на брендот Zara, денес е најбогатиот човек на светот, со богатство од 79,5 милијарди долари.

Компанијата Inditex, која е сопственик на Zara, но и на брендовите Massimo Dutti и Pull & Bear, денеска генерира поголемо богатство од компании како Microsoft или Apple.

Прашањето е како Ортега успеа од Zara да направи супер успешна компанија која генерира толку голем профит? Како Zara успеа да излезе пред конкуренцијата како H&M, Mango и многу други?

Денес Zara, како глобален синџир на малопродажба, се шири со зашеметувачка брзина. Со изградена сопствена мрежа на дистрибуција, која самата по себе е уметничко дело, компанијата ја остава конкуренцијата на колена во смисла на продажба и профити. Секако тука е и брзината на управување со инвентарот и обртот.

Оваа динамична компанија е позната по продавање облека со модерен дизајн која личи на онаа од познатите скапи модни куќи, но за попристојни цени.

„Го продаваме последниот тренд по ниски цени, но нашите клиенти го ценат нашиот дизајн, квалитет и постојана иновација“, – изјавува портпаролот на компанијата. „Тоа ни дава предност дури и во мошне натпреварувачки развиени пазари, вклучувајќи ја и Англија“

Најинтересно е како Zara ја остварува својата мисија.

zara4

Брза Мода – Најнов Бран

Само мал број од европските специјализирани модни компании го освојуваат светот толку бргу, со модел на бизнис наречен „брза мода“.

Накратко, овие компании можат да ги препознаат и да реагираат на модните трендови исклучително брзо, да создадат производи кои се огледало на трендот и да ги донесат тие производи на полиците многу побргу од нормата на индустријата.

Продавачите на брза мода се шведскиот Hennes&Mauritz (H&M), англискиот Top Shop, шпанското Mango и холандскиот Mexx. И покрај тоа што сите овие компании работат на систем за брза мода, Zara е прва во речиси секој степен.

Тајната на Zara

„Брзо“ во Zara значи дека може да го движи производот од концепт до дизајн, од производство до ставање на полиците во продавница за само две недели, далеку побргу од останатите конкуренти на брза мода. За синџирите на класичната мода, како американскиот Gap и Abercrombie & Fitch, за овој процес е потребен еден месец.

Ова и дава предност на Zara буквално да копира облека од страниците на најновото издание на Vogue и да ги продава низ дузина земји пред да излезе следното издание на модниот магазин!

Кога во 2003-та година шпанскиот принц Фелипе и Летиција Ортиз Рокасолано ја објавија својата веридба, невестата требаше да носи елегантен бел костум. Ова предизвика мали непријатности, бидејќи беше надвор од протоколот на монархијата, но на Европејките им се допадна, и за неколку недели стотина од нив го носеа идентичниот костум кој го купија во Zara.

zara2

Бројките зборуваат сами за себе

Zara е далеку повеќе од само брза. Таа е и плодна. Во една просечна година Zara се претставува со 11.000 нови производи. Споредете ја таа бројка со 2.000 до 4.000 производи претставени од H&M и Gap заедно.

Во светот на модата оваа разлика е огромна. Zara прима нова стока 2 до 3 пати неделно, додека останатите продавници за облека добиваат големи сезонски нарачки, 4 до 6 пати во годината.

Со претставување на нови производи во големи броеви и постојано, Zara прави помали количини на поединечен производ и на тој начин презема помал ризик ако производот не се продаде. Но, помал број на ист производ создава и ексклузивитет, уникатна вредност од масовен продавач на мода која ги привлекува младите љубители во продавниците на Zara како магнет.

Постојано нешто ново

Кога производот ќе се распродаде, не е заменет со идентична нарачка. На негово место Zara носи нешто ново и различно. Популарните производи може да се појават и да ги снема за една недела.

Потрошувачите знаат дека ако нешто им се допаѓа или веднаш ќе го купат или ќе го снема. На тој начин потрошувачите се предизвикани почесто да влегуваат и да проверуваат за нови производи, што придонесува за висок степен на редовни клиенти.

Тоа значи и дека Zara не мора да ја следи шемата на индустријата и да ги намалува цените со минување на сезоната. Така, Zara добива корист од цените, кои во просек се многу поблиску до оригиналната цена.

ПРОДОЛЖУВА…..

Извор: Принципи на маркетинг – Филип Котлер и Гери Армстронг

You May Also Like

Previous Post
Моќта на Визуелната содржина
Next Post
10 типични карактеристики на претприемачите
Menu