Дали знаеш дека 60% од Интернет корисниците купуваат онлајн од некоја е-продавница.
И тоа овие бројки се однесуваат за 2017. Трендовите велат дека до 2021 овој процент ќе порасне на 65%.
Луѓето се повеќе и повеќе купуваат онлајн поради едноставното купувачко искуство. Мобилните телефони ова искуство го направија дури уште поедноставно.
Од удобноста на твојот кревет си порачуваш облека. Или пак пиејќи кафе, преку твојот мобилен, си го резервираш летниот одмор. Поедноставно здравје.
Е-продавница за секој бизнис
Од тренд и мода, поседувањето на е-продавница ќе стане неопходност на секој бизнис. Дури и во Македонија. Пред некој месец Министерството за Финансии најави дека започнале иницијатива за можност и за примање пари преку PayPal во Македонија.
Ова значително ќе ја зголеми конкурентноста на македонската економија на светските пазари. Младите претприемачи од Македонија, ќе добијат неверојатни можности преку онлајн продавници да се натпреваруваат и со поголеми играчи на европскиот и светскиот пазар.
Многу податоци потврдуваат дека е-продажбата ќе стане клучна за бизнисите:
>>> Онлајн продажбите преку е-продавници ќе забележат раст од 9,32% годишно во следните 5 години. Потрошувачката на онлајн продажба само во САД до 2020 ќе достигне неверојатни 523 милијарди долари;
>>> Бројот на купувачи кои ќе пребаруваат е-продавници и онлајн бизниси, и кои ќе купуваат преку нив, ќе порасне на 270 милиони.
Ќе следи вистински бум од веб страни за е-продажба!
Многумина ќе речат: „Зошто да имам сопствена е-продавница, кога може да си направам профил на E-bay, Amazon или Alibaba, и да продавам од таму?“
Многумина навистина заработиле многу продавајќи на овие платформи.
Но, сепак, многу е тешко да создадете уникатен дизајн и бренд за вашиот производ на тие страни. Едноставно сите профили изгледаат исто. Единствениот начин да бидете компетитивен е цената. Ова е голема пречка за раст на многу бизниси.
Изградете сопствена е-продавница
Бенефитот од создавање на сопствен и уникатен бренд преку поседувањето на сопствена е-продавница, на средни и долги патеки е неверојатен.
Може да изградите посебна и лојална публика која постојано ќе купува од кај вас.
Кога имате сопствена е-продавница имате одлична можност да бидете креативни и да создадете уникатно купувачко искуство кое на долги стази ќе ви носи нови лојални клиенти и секако поголем профит.
Кога имате сопствена онлајн продавница може многу полесно да создадете посебна дигитална маркетинг стратегија, каде социјалните медиуми ќе имаат клучен дел.
Според нас во Македонија во 2018 ќе се случи вистински бум од е-продавници, чија целна публика ќе бидат пазарите во ЕУ и САД.
Во светот овој бум веќе се случува и расте со незадржливо темпо. Успехот на многу мали бизниси, користејќи ги бенефитите на онлајн продажбата, поттикнува уште повеќе претприемачи да отворат своја е-продавница.