19 ноември 2021, Europe House Скопје

Бесплатна SEO работилница за млади претприемачи

keyword research tivius

Истражување на клучни зборови

Ќе зборуваме за тоа како да ја анализирате намерата на корисниците кога пребаруваат и како да создадете листа со клучни зборови и фрази за пребарување кои имаат најголема можна шанса за подобрување.

Website audit tivius

Техничка анализа на веб страна

Ќе ви покажеме бесплатни алатки и додатоци кои може да ги користите за пронаоѓање на технички грешки на вашата веб страна, скршени линкови, 404 страни итн.

on page seo

On-Page SEO

Ќе зборуваме за оптимална внатрешна структура на сајтот и интерно линкување, оптимизација на брзината, оптимизација на URL-адресите, насловите на страниците, ознаки за насловите, додавање алт описи и мета описи.

off page seo tivius

Off-Page SEO

Ќе зборуваме за основниот елемент и “горивото” на секоја SEO кампања, а тоа е градењето на линкови (backlinks). Кои се релевантни линкови, а кои не? Ќе презентираме начини и тактики за добивање на линкови од висококвалитетни веб страни.

За кого е наменета оваа работилница?

Оваа работилница е наменета за млади претприемачи кои штотуку започнуваат или започнале сопствен бизнис и се борат да добијат нови клиенти. Работилницата е наменета и за сите млади луѓе кои имаат претприемачки амбиции и идеја за сопствен бизнис, но немаат детално познавање од дигитални маркетинг алатки, и нивно исползување во функција на развој на бизнисот.

Работилницата е целосно бесплатна и нејзини покровители се Тивиус Продукција (во делот со предавањето), и Europe House Скопје (во делот со обезбедување на сала за работилницата).

Настанот има целосно непрофитен карактер и негова главна цел е дигитална едукација на млади постоечки и идни претприемачи од Македонија.

Соочувајќи се со недостиг на големи буџети и средства за маркетинг, секоја мала или компанија во зачеток, мора да најде иновативни начини и алатки за промоција и продажба. SEO е токму една од тие алатки за дигитален маркетинг која, доколку правилно насочена, може да постигне исклучителни резултати и да го поттикне растот на еден млад бизнис.

Агенда

10:00 – 10:15
Регистрација

Регистрација

Регистрација, проверка на сертификати за вакцинација и сместување во салата за работилницата. Препорачливо е секој учесник да си носи сопствен лап-топ за вежбите.

10:15 – 11:15
Панел 1 – Презентација

Панел 1: Презентација

Презентација за 4-те основни елементи на секоја SEO кампања: Истражување на клучни зборови; Техничка анализа на веб страната; On-Page SEO; Off-Page SEO. Можност за прашања и дискусија.

11:15 – 11:30
Пауза

Пауза

Кратка пауза од 15 мин. за освежување на учесниците и полнење на батериите за вториот дел.

11:30 – 12:30
Панел 2 – Работилница

Панел 2: Работилница

Активна работилница и дискусија за подготовка и подобрување на SEO кампањите на секој учесник. Инсталирање бесплатни додатоци, екстензии, програми и апликации за SEO. Секој учесник си креира кратка SEO стратегија, со совети и насоки од предавачот.

12:30 – 13:00
Дискусија и сугестии

Дискусија и сугестии

Разгледување на SEO стратегиите на секој учесник и сугестии за подобрување.

Blagoj Gjelevski

Говорник и модератор

Благој Ѓелевски е ко-основач на Тивиус Продукција, маркетер и веб дизајнер. Има долгогодишно искуство во SEO и изразени резултати. Клучните услуги на неговата компанија излегуваат на првите 3 места на Google според повеќе клучни зборови.

Во 2021-ва година е учесник на онлајн курс за напреден SEO, кој го држи Joshua George, SEO консултант и основач на ClickSlice, една од најпознатите SEO агенции во Лондон.

Моментално работи на повеќе активни проекти и кампањи, воглавно за австралискиот пазар.

Локација

Europe House Skopje – (поранешен ЕУ Инфо центар) е основан од Делегацијата на Европската Унија и се наоѓа на ул. Св. Кирил и Методиј 52б, Скопје-Центар. Повеќе информации на нивната веб страна www.euhouse.mk.

Форма за пријавување

Работилницата е завршена. Погледнете ја галеријата и видеото од настанот.